Мајките во Србија ќе имаат право на посебен стаж и повисока пензија

Србија се приклучува кон европскиот тренд во признавањето на родителскиот придонес преку пензискиот систем. Со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, мајките во Србија ќе имаат право на посебен стаж, што ќе им донесе повисока пензија. Посебен стаж ќе им се признае на мајките со едно или две деца од 2032 година, додека […]
Германската автомобилска индустрија е предводник во падот на работните места

Во германскиот индустриски сектор значително се намалува бројот на работни места, а овој проблем најизразен е во автомобилската индустрија, покажуваат податоците од консултантската фирма EY. Во текот на една година, автомобилскиот сектор намалил околу 51.500 нето работни места, или речиси седум проценти од работната сила, според анализата до која ја објави ДПА. Во периодот од […]
Пуштен за сообраќај патот Нова Брезница – Македонски Брод преку Јасен

Од изутринава во 05:00 часот пуштен е за сообраќај регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен, кој неколку дена беше во прекин поради пожар. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. […]
Почнува Европското првенство во кошарка 2025

Со натпреварот Велика Британија – Литванија, денес 12:30 часот во Тампере, Финска ќе биде отворен Евробаскет 2025. Континенталниот кошаркарски собир ќе трае до 14 септември. Покрај Тампере, градови и земји домаќини се: Рига (Летонија), Лимасол (Кипар) и Катовице (Полска). Ова е трет пат четири земји да бидат организатори на ЕП и тие автоматски се квалификуваа […]
Словенија со 991.000 вработени – Македонија со 702.410, невработеноста во Словенија на најниско ниво од 3,2 отсто

Невработеноста во Словенија се намали на 3,2 проценти во вториот квартал од оваа година, што е најниско ниво откако државната статистика ги следи податоците. Бројот на странци во работната сила во Словенија се зголеми и сочинуваат 12 проценти од работната сила. Стапката на невработеност помеѓу април и јуни се намали за 0,2 процентни поени во […]
Андоновски за ИПР: Ќе имаме систем на кој можеме да му веруваме

Системот на интегрирано планирање на ресурсите (ИПР систем) две години били оставен без одржување, но од јануари интензивно се работи на негово подобрување. Со внимание ги следиме забелешките од Државниот завод за ревизија и одејќи по тие забелешки, ќе имаме одлични резултати. Ќе имаме систем на кој можеме да му веруваме и кој ќе им […]
ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за среда 27.08.2025 изнесува 99,97 евра за мегават час, на МЕМО 91,19 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 27 август просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 99,97 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 91,19 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX […]
Негативен природен прираст и во второто тримесечје

Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1 135 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3 741 и во споредба со истиот […]
Зголемен откупот кај доматите, намален кај млекото

Вредноста на откупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од 2025 година во Македонија изнесува 3,6 милијарди денари, објави Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2025 година, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e […]
Секоја година да се реновираат најмалку три отсто од вкупната подна површина на јавните објекти, новини во долгорочната стратегија до 2050 година

Долгорочна стратегија до 2050 година за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради (објекти) кои би требало да достигнат ниво од речиси нула потрошувачка на енергија и обврска – секоја година да се реновираат најмалку три проценти од вкупната подна површина на јавните објекти што не ги исполнуваат минималните критериуми за енергетска ефикасност, предвидуваат измените […]