Олдтајмери од 11 држави во септември доаѓаат во земјава

Од 27 септември над 30 олдтајмери од Западна Европа и САД ќе продефилираат низ земјава како дел од Бахус класик релито што за првпат се организира кај нас. Некои од возилата коишто ќе пристигнат и ќе бидат дел од ова меѓународно рели од премиум ранг досега не се видени ниту во Македонија, ниту во регионот. […]
Администрацијата на Трамп укинува 500 работни места во Глобалната медиумска агенција и ВОА

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп укинува повеќе од 500 работни места во медиумската агенција одговорна за Гласот на Америка (ВОА) и другите странски медиуми финансирани од владата, изјави претставникот за медиуми на администрацијата, Кари Лејк. Лејк го објави овој потег еден ден откако федерален судија ја блокираше нејзината одлука за разрешување на Мајкл Абрамовиц […]
МЕРЦ НАЈАВИ КРАТЕЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ, „Со години живееме над нашите можности“, изјави германскиот канцелар

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во саботата ја нагласи потребата од големи реформи во социјалните бенефиции, еден ден откако податоците покажаа дека бројот на невработени лица надминал 3 милиони за прв пат по повеќе од една деценија. „Начинот на кој стојат работите сега, особено во однос на таканаречениот основен приход, не може и нема да остане […]
Од невремето во Скопје повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли и штети

Како резултат на невремето кое во попладневните часови го зафати Градот Скопје, на бројот за итни повици 112 биле пријавени паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и во мал дел оштетување на приватна сопственост (моторни возила, настрешници и др.) Пријавите се однесуваат на следните локации: 1. Ул. Теодосиј Гологанов кај АМСМ (паднато дрво врз возило) […]
„Танцот на змејот и слонот“ – економската соработка меѓу Кина и Индија

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска, за време на средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, изјави дека Кина и Индија се партнери во соработката, а не соперници, и дека двете земји една за друга се развојни прилики, а не закани. Како што објави кинеското Министерство за надворешни работи, Си по средбата со Моди во кинескиот пристанишен […]
Во Бугарија „не поминува“ модел на четиридневна работна недела

Дискусиите за пократка работна недела, кои веќе се тестираат во некои делови од Европа, наидуваат на силен отпор во Бугарија, а идејата за скратување на работната недела на четири дена е силно спротивставена од организациите на работодавачи, објавува БТА. Дебатата беше поттикната откако Грција поднесе предлог-закон со кој ќе им се овозможи на родителите да […]
ПРЕКИНАТА ИСПОРАКА НА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ СО МИЛИОН ЛАЖНИ ЕВРА, ДОЛАРИ И ФУНТИ, во заедничка акција на европската полиција

Европол ја поддржа заедничката операција на полицијата и судските власти, со која е прекината на дистрибуцијата на фалсификувани пари преку поштенски пратки. За време на акцијата, беа пресретнати речиси милион парчиња лажни пари: евра, американски долари и британски фунти, со вкупна проценета вредност од повеќе од 66 милиони евра, пишува „Вечерњи лист“. „Успехот на операцијата […]
Потрошувачката на лекови за слабеење бележи висок раст, објавија од хрватската агенција за лекови

Хрватската агенција за лекови и медицински помагала (ХАЛМЕД) објави дека во 2024 година, потрошувачката на лекови, вклучително и оние што се користат за слабеење, се зголемила за 28 проценти. Најголем пораст е забележан кај лековите што првенствено се препишуваат за третман на дијабетес тип 2, а во последниве години тие се повеќе се користат и […]
Најопасната плажа е во Флорида со регистрирани 277 напади од ајкули, според студијата на американската агенција

Плажите во Флорида се меѓу 10-те американски плажи со најголем број напади, според студијата на Агенцијата за временска прогноза на САД. Истражувањата покажаа дека плажата Нова Смирна во Флорида е на врвот на листата со 277 напади од ајкули во периодот до 2024 година, објавува Фокс њуз. Рајан Бландел, основач на Агенцијата за временска прогноза, […]