Во ЕУ најмногу поскапеле енергенсите

Индустриските производни цени во ЕУ во јули годинава се зголемија во споредба на претходниот месец за 0,6 отсто, додека на ниво на eврозоната нивниот месечен раст изнесуваше 0,4 проценти, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Ваквиот месечен раст на цените сепак е помал од оној во јуни 2025 година кога на ниво на ЕУ […]
Лидл започна со изградба на маркет во Општина Аеродром

Лидл официјално ја започна изградбата на својот најнов маркет во општина Аеродром, којшто ќе биде со модерна архитектура и одржливи технологии. Новиот малопродажен објект ќе се протега на површина од 3 438 квадратни метри, со продажен простор од 1 200 квадратни метри, а за дополнителна погодност на потрошувачите, локацијата ќе има и 57 паркинг места. […]
Нови летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

Со субвенции од државата се воведуваат уште пет нови авилинии. До Скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе се лета од Наполи и Будимпешта, а до Охридскиот аеродром од 28 јуни од Катовице, Вроцлав и Милано, објавија денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и Џозев Варади, главниот извршен директор на […]
Посетителите на „Тиквешки гроздобер“ покрај бесплатен паркинг ќе добијат и грозје

Посетителите на „Тиквешки гроздобер“ покрај бесплатен паркинг ќе добијат и грозје, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Во тек се подготовките за „Тиквешки Гроздобер 2025“. По иницијатива на градоначалникот, сите гости кои ќе го посетат фестивалот во петок, сабота и недела, на трите бесплатни влеза во градот, покрај насоките за паркирање, […]
Промовирана прва Стратегија за соработка со СЗО, 2026 – 2030 година

Во Скопје попладнево беше промовирана првата Стратегија за соработка на Светската здравствена заштита (СЗО) со Република Северна Македонија, 2026 – 2030 година. Министерот за здравство Азир Алиу пред присутните рече дека станува збор за документ што претставува патоказ за иднината на здравствениот систем во нашата држава. – Сакам да упатам искрена благодарност до д-р Аким […]
Царините на Трамп ја намалија светската трговија

Трговијата што е во согласност со прописите на Светската трговска организација (СТО) опадна на најниско ниво од крајот на Втората светска војна, предупреди генералната директорка на органзиацијата, Нгози Оконџо-Ивеала. Американскиот претседател, Доналд Трамп, годинава воведе високи царини за голем број трговски партнери што предизвика лавина од одговори и поттикнувајќи тензии во трговските односи. Во такви […]
ОПЕК Плус во недела одлучува за зголемување на производството на нафта?

Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК Плус) ќе ja разгледаат понатамошно зголемување на производството на нафта на состанокот во недела. Производители на нафта се обидуваат да го вратат својот удел на светскиот пазар на овој енергетски производ. ОПЕК Плус, кој произведува околу половина од светската нафта, ќе почне постепено да го укинува […]
Стагнираат приходите од странство за германската фудбалска лига

Германската фудбалска лига не успеа да ги зголеми приходите од странскиот маркетинг за новата сезона, а реализираните 218 милиони евра се исти како и во сезоната 2024/2025. Најновите договори, вклучувајќи ги и оние во Велика Британија и Јапонија, беа склучени непосредно пред почетокот на сезоната 2025/2026. Вкупните меѓународни приходи, вклучувајќи ги и спонзорствата, изнесуваат околу […]
РАСТE ПОБАРУВАЧКАТА НА ЈАЈЦАТА ВО ЕУ, цените се повисоки за 32 отсто

Цените на јајцата во Европската Унија забележаа раст, а за првите четири месеци од 2025 година беа за речиси 32% повисоки отколку во истиот период минатата година. Сегашната цена на јајцата изнесува 254,76 евра за 100 килограми. Во споредба со цените во САД (322,97 евра), европскиот пазар е значително поевтин. Цените во ЕУ се многу […]
Албанија со најниска минимална плата во Европа, Луксембург со 2.700 евра

Албанија има најниска минимална плата не само регионот, туку и во Европа, се наведува во најновиот извештај на Евростат. Бруто месечната минимална плата во Албанија на крајот на јуни изнесувала 408 евра. Во регионот, највисока бруто месечна минимална плата има во Црна Гора, 670 евра. Србија е со 618 евра, и Македонија со 584 евра. […]