Мицотакис со „најсмела реформа на данокот на приход“ како поддршка на граѓаните

Пакет мерки во висина од 1,6 милијарди евра, за поддршка на над четири милиони даночни обврзници, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Меѓународниот саем во Солун и истакна дека станува збор за „најсмелата реформа на данокот на приход во историјата на современа Грција“, пакет со кој ќе бидат опфатени „оние кои досега не добија помош […]
СТОПАНСКАТА КОМОРА АКТИВНО НА ТЕРЕН ПО ИЗБУВНУВАЊЕ НА ПОЖАРОТ ВО МАКПРОГРЕС ВИНИЦА

Вчеравечер околу 19:20 часот, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески беше известeн од сопственикот на Макпрогрес Виница, Глигор Цветанов, дека во фабриката има пожар. Веднаш беше алармирана Владата, премиерот, како и вицепремиерот и министер за транспорт, кои ги дадоа потребните наредби за спасување на целокупната фабрика, но и покрај интензивните активности, мора да се констатира […]
Целосното затемнување на Месечината, вечерва може да се гледа и од плоштад „Македонија“

Целосното затемнување на Месечината што треба да се случи вечерва ќе може да се набљудува од плоштадот „Македонија“. Од Скопското астрономско друштво најавуваат дека ќе постават два телескопа. Редок феномен – целосно затемнување на Месечината, ќе може да се набљудува и од нашата држава. Се разбира, ова ќе може да се види само доколку времето […]
ДОЛАРОТ ВО МАЛ НЕДЕЛЕН ПАД

На светските берзи доларот минатата недела ја намали својата вредност во однос на кошничката валути, бидејќи стануваше сè поизвесно дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки овој месец. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, минатата недела падна за 0,10 проценти на 97,73 поени. […]
Мицкоски: Пуштањето на дел од делницата Кичево – Охрид, е силен доказ дека Македонија се движи напред

Пуштањето на уште еден дел од делницата Кичево – Охрид, е силен доказ дека Македонија се движи напред, се гради и се надминуваат долгите години на застој, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето на делницата Климештани-Охрид во должина од 17 километри, во близина на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле, – Автопатот Кичево-Охрид, е од […]
ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО СО ПОВИСОКА СТАПКА НА РАСТ ОД КРИПТОВАЛУТИТЕ

Состојбата на глобалната економија е неизвесна и за тоа показател се неодамнешните рекорди на цената кај златото, каде што цената на унца од 31,1 грам веќе се искачи на речиси 3.600 долари. Во последниот месец, вредноста на златото се зголеми за шест проценти, додека вредноста на биткоинот падна за четири проценти. Оваа година, златото се […]
МЗ: Хоспитализирани 13 лица по пожарот во Виница, сите се во стабилна здравствена состојба

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, […]
Албанија: Иселениците испратиле 7,7 милијарди евра, ја намалиле сиромаштијата за осум отсто

Во текот на изминатата деценија, дознаките на албанските иселеници достигнале 7,7 милијарди евра, исто колку што е државниот буџет за една година. – Најновите податоци од Централна банка на Албанија потврдуваат дека зависноста на 30% од албанските семејства останува висока, бидејќи иселениците испраќаат околу 90 милиони евра секој месец преку официјални канали, објави eurobews.al. Во […]
ОПЕК+ одлучи за зголемување на производството на нафта во октомври

Денеска во ОПЕК+ се согласија дополнително да го зголеми производството на нафта во октомври, бидејќи нејзиниот лидер, Саудиска Арабија, се стреми да го врати пазарниот удел. Осумте членки на ОПЕК+ се согласија на онлајн состанокот да го зголемат производството од октомври за 137.000 барели дневно, се вели во соопштението. „Зголемувањето е помалку поврзано со обемот, […]
Европската индустрија за рециклирање пластика е пред колапс!

Европската индустрија за рециклирање пластика се соочува со неизбежен колапс, предупредува организацијата „Plastics Recyclers Europe“. Ненадејното зголемување на евтиниот увоз на рециклирана пластика, како резултат на падот на побарувачката за рециклирани материјали произведени во ЕУ, растечките економски притисоци и прекумерната бирократија водат кон затворање на сè поголем број европски рециклатори. Сите овие фактори резултираат со […]