Заживување на затворските економии заради подобрување на ресоцијализација на затворениците

Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот што сега работи на ресоцијализација во затворите е обучен и подготвен, но за жал е многу е мал, но и дека треба да се работи на заживување на затворските економии. Според Пандов, гледано низ призма […]

Лажетиќ: Возилото ќе се одзема на повратници за безобѕирно возење со брзина над дозволената

Нашата сообраќајна некултура, којшто е резултат на општата некултура што владее во државата, едноставно ќе мора да се регулира вели професорката по казнено право Гордана Лажетиќ, посочувајќи дека е добро што се менуваат повеќе закони од аспект на системот „Безбеден град“ и што имаме проширена одредба кај кривичното дело безобѕирното управување со моторно возило, затоа […]

Од 1 октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври. Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет. – Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и […]

Историски чекор за македонските сметководители: ИСОС примена во CFE Tax Advisers Europe

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) официјално стана членка на CFE Tax Advisers Europe – најпрестижната европска организација која ги обединува националните здруженија на даночни советници и сметководствени професионалци. Со ова, ИСОС е единствената професионална организација на сметководителите од регионот на Западен Балкан која е дел од оваа европска мрежа. „Зачленувањето на ИСОС во […]

Најмалку два странски јазици учат 6,4 отсто од основците и 59,5 проценти од средношколците во ЕУ

Во 2023 година најмалку два странски јазици изучувале 6,4 отсто од учениците од основните и 59,5 проценти од учениците во средните училишта во ЕУ, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат по повод Европскиот ден на јазиците – 26 септември. Споредено со 2013 година, стапката на основци кои изучувале два или повеќе странски јазици се […]

Средба Николоски-Памер: Разговори и за проектот за брза пруга на Коридот 10

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, со кој разговараа за реализација на капиталните проекти, унапредување на инфраструктура и учеството на Македонија како рамноправен партнер во економското зајакнување и стабилизација на регионот, информираат од Министерството за транспорт. На средбата била отворена темата и за проектот […]

Во Куманово почнаа меѓународните саеми на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и за земјоделство, технологии, храна и преработка „Агро-Мак“

Почнаа меѓународните саеми, осмиот на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и четвртиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка „Агро-Мак“ пред спортско рекреативниот комплекс „Базени“ во Куманово. Бројни излагачи од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Бугарија и Унгарија ги презентираа своите продукти пред кумановци. Организаторите, Здружението за развој на земјоделство […]

Хрватскиот министер предупреди на „намерно ширење на заразата на свињарските фарми“?

Хрватскиот министер за земјоделство Давид Влајчиќ изјави денеска дека националната безбедност е загрозена поради незаконски активности на свињарски фарми, нагласувајќи дека единствениот начин да се спречи ширењето на африканската чума кај свињите е строго почитување на законот и биобезбедносните правила. По владината седница, Влајчиќ нагласи дека сите незаразени фарми се под строг надзор. Организаторите на […]

ЕУ воведува високи царини за кинески челик, ќе се применуваат и правилата „Купувајте европски“

Во наредните недели, Европската Унија ќе воведе заштитни царини кои се движат од 25 до 50 проценти за кинески челик и челични производи, објави весникот „Ханделсблат“, повикувајќи се на анонимен висок европски функционер во Брисел, пренесува Еуроњуз. Овој потег е дел од поширока стратегија за враќање на конкурентската рамнотежа на европскиот пазар, кој се соочува […]

Златна „Камера 300“ за францускиот кинематографер Давид Шамбиј

Давид Шамбиј од Франција, кинематографер во филмот „Нов бран“ е годинешен добитник на највисокото признание, наградата Златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“. Вечерва во Битола, лауреатот Шамбиј не го криеше своето задоволство од високото признание кое како што рече го освојува прв пат во неговата кариера. -Се радувам што со вас ја […]