Еден златен, два бронзени медали и една олимписка пофалба за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Удине

Македонските средношколци – информатичари на 32-та Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2025), која од 25-ти септември до 1-ви октомври се одржува во Удине, Италија, освоија еден златен, два бронзени медали и една олимписка пофалба, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија. Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање, го сочинуваа учениците Дамјан Давков од […]

Ѓорческа ја совлада поранешната тенисерка број 1 Плишкова

Голема победа на стартот од силниот ВТА турнир W125 Самсун Опен оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во мечот од првото коло денеска ја надигра поранешната тенисерка број 1 на светот Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3) за 75 минути игра. Плишкова во кариерата осум недели беше на чело на […]

Врнежливо и студено до петок, на планините снег – викендот стабилизација на времето

Под влијание на влажен и студен бран, времето до петок ќе биде облачно, студено и со чести врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. Според најавите, се очекува да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, а локално и над 50 литри на метар квадратен. Според прогнозата на УХМР, од утре […]

КОНТИНУИРАН ПАД НА ВРАБОТЕНИ ВО МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2,6 % во август 2025 во однос на август 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1,7 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 […]

Нина Недановска назначена за член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка во Словенија

Заменик-претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Нина Неданоска, започна своето ново професионално поглавје во меѓународната групација. Таа е назначена за член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка во Словенија. „Ова назначување не е само лично признание за нејзината долгогодишна посветеност, експертиза и визија, туку и силна потврда за кредибилитетот на нашата институција. […]

ХРВАТИТЕ СЕ СООЧУВААТ СО НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ

Потрошувачките цени во Хрватска во септември се повисоки за 4,2 отсто во споредба со истиот месец минатата година, со што повторно ја забрза инфлацијата на годишно ниво. Податоците на Евростат покажуваат дека инфлацијата во Хрватска во деветтиот месец била меѓу највисоките во еврозоната. Државниот завод за статистика ја објави првата проценка на индексот на потрошувачки […]

Почнува натпреварот СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР, наградата 1 000 000 денари

Натпреварот за средношколци СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР, посветен на развојот на претприемачкиот дух и креативни бизнис идеи кај младите, официјално почнува денеска. Главната награда за најдобрата бизнис идеја изнесува 1 000 000 денари. Организаторите Brainster Next College – првиот практичен факултет за дизајн и ИТ во Македонија и регионот, како и NU High School Academy – академијата […]

Скопјани утре ќе се стоплат, поради ниските температури почнува грејната сезона во Скопје од 2 октомври

Од утре почнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. – Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала […]

Хрватска повторно забрани увоз на (црвени) пиперки од Албанија

Хрватските власти блокирале повеќе тони зеленчук, увезен од Албанија, откако било утврдено присуство на три забранети земјоделски препарати, објави Топ чанел. – Блокирани се осум тони црвени лути пиперки, произведени на подрачјето на Дивјак, кои содржеле престициди штетни по здравјето на луѓето. Блокираното количество зеленчук ќе биде уништено во Хрватска, наведува телевизијата. Ова не е […]

Студентите до 5 октомври да аплицираат за субвенциониран оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 октомври 2025. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и […]