ЗАПЛЕНЕТИ СРЕДСТВА ЗА ВЕТРОБРАНИ, ФАЛСИФИКАТИ, АВТОДЕЛОВИ, КАФЕ, ЦИГАРИ, АЛАТ, ОБЛЕКА И ДРУГО

Во текот на изминатата недела од страна на Царинската управа се запленети: 15.603 литри средство за стакла за возила, 410 пара патики, 23 автоделови, 39.5 кг. кафе, 69 парчиња облека, 2 употребувани велосипеди, 43 штеки цигари, 44 ножеви за циркуларна пила и регистарски таблички. Мобилните царински тимови и царинските службеници од граничните царински испостави открија […]
ВО ПРИМОРСКА ЦРНА ГОРА СЕ ГРЕАТ НА СТРУЈА, НА СЕВЕРОТ ДОМИНИРА ОГРЕВНОТО ДРВО

Црногорските домаќинства најмногу потрошиле огревно дрво и електрична енергија, кои имале подеднакво учество енергија од околу 46% од вкупната потрошувачка. Домаќинствата во Црна Гора потрошиле вкупно 12.167,2 тераџули (TJ) енергија во 2024 година, а речиси целата потрошувачка се базирала на двата извора на енергија, објави Монстат. Според официјалната статистика, огревното дрво учествува со 46,2% од […]
Привремен режим на сообраќај за време на одржувањето на 21. Виз Ер Скопски маратон

Поради претстојното 21. издание на Виз Ер Скопски маратон, што ќе се одржи на 05.10.2025 (недела), а на кој ќе учествуваат рекордни над 14.000 натпреварувачи од 58 земји, во недела ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град. Ова значи дека одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на […]
ФЗО БАРА ПРЕДЛОЗИ КАКО ДА СЕ НАЈДАТ ЛЕКАРИ ЗА РУРАЛНИТЕ АМБУЛАНТИ, недостигаат 52 матични доктори во руралните подрачја

Во моментот од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44, а недостигаат 52. Тоа значи дека имаме помалку од 50 отсто исполнетост на руралните амбуланти. Неопходни се мерки кои треба да ги охрабрат младите доктори да започнат да работат во руралните подрачја, односно измени на правилникот кој тоа го регулира, да обезбедиме натамошна […]
Поради нови пукнатини на два секундарни водови одредени реони во градот привремено останаа без топлинска енергија на 2 и на 3 октомври, информираат од Владата

Грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје официјално почнува на 15 октомври, информира Владата. Согласно постојните прописи, испораката на топлинска енергија може да почне и порано – конкретно, од 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови, според […]
Ристески: Ќе оставиме пазарната економија со понудата и побарувачката по природен пат да ги нормализира цените

Комисијата за заштита од конкуренција реагира на сите пријавени недоречености, до крајот на годината ќе бидат изречени и првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики, изјави денеска заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески кој денеска во Штип присуствуваше на отварање на „Текстилијада 9“. – Неколку битни работи […]
Италијанците најмногу инвестираат во недвижности во Албанија, странските инвестиции во земјата достигнаа 760 милиони евра

Во првата половина од годинава, странските инвестиции во Албанија достигнале 760 милиони евра, или девет милиони повеќе споредено со истиот период минатата година, кога тие изнесувале 751 милиони евра. – Не само за туризам, Албанија стана магнет и за странците да инвестираат во земјата. Инвестициите главно се во недвижности, најмногу инвестирале Италијанците, Турците, Австријците и […]
Ново партнерство за посилна економија: Стопанската комора и Економскиот институт потпишаа договор за соработка

Стопанската комора на Северна Македонија и Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје потпишаа договор за научна, техничка и апликативна соработка, со цел да се постигне подобра поврзаност помеѓу академијата и бизнис-секторот. Договорот предвидува активности насочени кон планирање, утврдување и развој на работна сила со високо образование во согласност со потребите на […]
Цените на недвижностите во Европската Унија се зголемија за 5,4 отсто

Цените и кириите на станбените недвижности во Европската Унија продолжија да растат во вториот квартал од 2025 година, според податоците на Евростат објавени денес. Како што е наведено, цените на недвижностите скокнаа за 5,4 отсто во споредба со истиот период во 2024 година, додека кириите се зголемија за 3,2 отсто. Во споредба со првиот квартал […]
Повисоки сметки за вода за жителите во Скопје

Сметките за вода во Скопје дд септември ќе бидат повисоки и цената на еден кубен метар вода се зголемува за 3,2 денари. Наместо досегашните 31,81 денар, скопјани ќе плаќаат 35,02 денари за еден кубик потрошена вода. Одлуката за зголемување ја донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, на 25 август, бидејќи како што соопштија […]