Цената на златото се приближува до 4.000 долари

Цената на златото достигна рекордно високо ниво, a растот е поттикнат од комбинацијата на политичка неизвесност во САД и очекувањата за непосредно намалување на каматните стапки. Златото порасна за 0,1 процент на 3.965,39 долари за унца, откако претходно во тргувањето достигна рекордно високо ниво од 3.977,19 долари. Во меѓувреме, американските фјучерси за испорака во декември […]
Лула побара од Трамп укинување на царините од 40 проценти за бразилскиот увоз

Претседателот на Бразил, Инацио Лула да Силва во денешниот телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп побара укинување на царината од 40 проценти за бразилските производи. Лула го поканил Трамп да присуствува на претстојниот Самит за климата, што ќе се одржи во Белем. По телефонскиот разговор Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth social) […]
ОИЛКО КДА купи нови акции во Макпетрол: сега поседува 25,32 % од компанијата

Во соопштение доставено до Македонската берза од Макпетрол АД Скопје, известуваат дека, акционерот ОИЛКО КДА – Скопје, се стекна со 74 обични акции и во моментов поседува вкупно 28 455 обични акции, што претставува 25,32 % од вкупниот број на акции издадени од Макпетрол АД Скопје.
Средба Божиновска со британскиот амбасадор Метју Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со британскиот амбасадор Н.Е. Метју Лосон. На состанокот присуствуваа и Никола Стојаноски, директор за меѓународна трговија и инвестиции во Амбасадата на Обединетото Кралство, како и претставници на меѓународната компанија „Англо Американ“, една од водечките светски корпорации во областа на рударството и металургијата. Средбата […]
Извозот зголемен за 1,8 отсто, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – август 2025 година изнесува 325 133,2 милиони денари и бележи пораст од 1,8 отсто во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока е 464 340 милиони денари што е за 2,7 проценти повеќе во споредба со истиот период претходната година. Трговската […]
Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија

Реален раст на БДП од 3,1 отсто во 2025 година, од 3 проценти во 2026-та и од 3 отсто во 2027 година се проценките на Светска банка за земјава. Според последниот извештај, разликата во процентни поени од проекциите во пролетниот извештај за 2025 година е во нагорна линија и изнесува 0,4, 0,3 и 0,2 за […]
Цените на угостителските услуги во септември 2025 година се зголемени за 4.7 %

Цените на угостителските услуги во септември 2025 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 4.7 %. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.2 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.9 […]
Димитриеска-Кочоска: Македонија дел од СЕПА, плаќањата кон ЕУ поевтини и за граѓаните и бизнисот

Граѓаните и бизнисите во РС Македонија од денеска ќе ги користат придобивките од приклучувањето на земјата кон СЕПА (Единствениот евро-платежен простор) регионот. Европскиот совет за плаќање има одобрено апликациите на 9 домашни банки во платежната шема за кредитни трансфери коишто се оперативни во СЕПА, додека останатите 3 банки се очекува да се приклучат до крајот […]
Една песна, една Европа – инспиративна порака за денешницата и иднината

Музичари од земји членки на ЕУ и од Западен Балкан првпат се сретнаа и се обединија во Филхармонијата во Скопје за да создадат нова интерпретација на „Ода на радоста“, збогатена со уникатни звуци од нивните земји. За само неколку часа тие свиреа сплотено, покажувајќи колку малку време е потребно луѓето да се здружат и да […]
„Здравата храна“ да се потпира на многу овошје, зеленчук и мешункасти и јаткасти плодови, извештај на ЕАТ-Лансет

Дури и ако светот утре престане да користи јаглен, нафта и гас, она што го јадат луѓето сепак би предизвикало раст на просечните температури за над 1,5 степени Целзиусови, од причина што речиси една третина од глобалните емисии на стакленички гасови доаѓаат од производството на храна, вклучувајќи ги метанот што го исфрла добитокот, сечењето шуми […]