Блокадата на американската влада продолжува, сенатот повторно не успеа да го усвои законот за финансирање

Американскиот Сенат повторно не успеа да усвои закон за финансирање на владата до 21 ноември, а прекинот на работата на владата влезе во осмиот ден. Сенатот го отфрли законот на Претставничкиот дом со 54 гласови „за“ и 45 „против“, со што не го достигна прагот од 60 гласови потребен за усвојување на законот, објави Си-ен-ен. […]
Како кризата во Франција ќе влијае на економските релации со Германија?

Франција е во најтешката политичка криза во последните неколку децении, а тоа може да се одрази и на економските релации во Европската Унија и посебно со Германија. Сепак, владата во Берлин се обидува да остане смирена, додека Гинтер Крихбаум, државен секретар за европски прашања во германското Министерство за надворешни работи, предупредува дека „во овој момент […]
МЕГА ИНТЕРВЈУ | Санел Кустурица: 200 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА ШТО СОЗДАВА ИДНИНА

Во ова мега интервју разговараме со господин Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, кој го отвора погледот кон иднината на банкарството, истовремено црпејќи мотивација од 200-годишната традиција, стабилноста, искуството и посветеноста кон заедницата, во годината кога Штаермеркише Шпаркасе групацијата одбележува голем јубилеј − два века успешна работа на европските пазари.Тој […]
АМЕРИКАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО НА НАФТА ДОСТИГНУВА НОВО РЕКОРДНО НИВО

Производството на нафта во САД треба да достигне ново рекордно ниво оваа година, објави Министерството за енергетика, а намалувањето во 2026 година треба да биде поблаг од очекуваното. Компаниите во САД треба да произведуваат просечно 13,53 милиони барели нафта дневно оваа година, според одделот за статистика на Министерството за енергетика (EIA). Досега, тие очекуваа просечно […]
ОД ДАНОКОТ НА КУЧИЊА ГЕРМАНСКИТЕ ОПШТИНИ „ЗАРАБОТИЈА“ 430 МИЛИОНИ ЕВРА

Во 2024 година, Германија заработи рекорден износ од данокот на кучиња, а околу 430 милиони евра се влеале во буџетите на локалните самоуправи по таа основа, објави денес Германскиот федерален завод за статистика. Приходите од данок на кучиња континуирано растат, а минатата година градовите и општините заработија 2,2 отсто повеќе од претходната година (421 милион), […]
Пуштена во сообраќај брзата железница од Белград до Суботица

Патничките возови почнаа да сообраќаат по брзата железница од Белград до Суботица. Возовите ќе сообраќаат со брзина од 200 километри на час, додека товарниот сообраќај на таа делница веќе се одвива во согласност со барањата и потребите на економијата. Во текот на промотивниот период, кој ќе трае до 12 октомври, на патниците им се обезбедуваат […]
Кустурица: Иднината на банкарството е хибридна – дигитална, но управувана од човекот

Во годината кога Штаермеркише Шпаркасе групацијата одбележува два века постоење, претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, г. Санел Кустурица, во интервју за Економија и бизнис, зборува за иднината на банкарството, за визијата и стратегијата на банката, како и за дигиталната трансформација што ќе ја обележи новата ера на финансиските услуги. „Иднината на […]
Двајца македонски државјани се приведени со непријавени евра на аеродромот во Тирана

Двајца македонски државјани се приведени на меѓународниот аеродром во Тирана, кај кои биле откриени евра и денари, кои не ги пријавиле. Од македонските државјани, кои требало да патуваат за Норвешка, биле откриени и запленети 22.805 евра, 2.600 македонски денари. Според полициското соопштение кај лицето А.Ј. (33) биле пронајдени 11.800 евра и 2.600 македонски денари, додека […]
Раскинати 45 концесии во рударството

Над 45 концесии се раскинати од кои 34 еднострано, а за 11 договорите се истечени и не се продолжени, информира министерката за енергетика Сања Божиновска. На денешниот брифинг со новинарите, Божиновска рече дека причините за ова се непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор […]
Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности потпишаа Меморандум за соработка

Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредена размена на податоците и информации од заемен интерес, во функција на подобрување на аналитичките и институционалните активности на двете институции. Меморандумот, кој го потпишаа гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и директорот на Агенцијата […]