Ниска излезеност на изборите до 09.15 часот

Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани. Тој повтори дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без […]
ДЕБАТА: Забраната на возилата со мотори со внатрешно согорување во ЕУ и здравјето на луѓето

Во услови на интензивирање на дебатата околу забраната за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување во ЕУ од 2035 година, како дел од амбициозните зелени цели на блокот за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, група здравствени организации и медицинските професионалци упатија заедничко писмо до Европската комисијата во која ги нагласуваат здравствените ефекти […]
Кинезите се „навлекоа“ на користење на генеративна вештачка интелигенција

Кина имала 515 милиони корисници на генеративна вештачка интелигенција во јуни 2025 година, што укажува дека бројот на корисници се удвоил во рок од шест месеци, објави Кинескиот информативен центар за интернет. Бројот на корисници се зголемил за 266 милиони во споредба со декември 2024 година. Mоделите на генеративна вештачка интелигенција произведени во Кина добиле […]
ПРОНАЈДЕНО НАЈГОЛЕМОТО НАОЃАЛИШТЕ НА ЛИТИУМ ВО ЕВРОПА

Германската компанија „Нептун Енерџи“ објави дека открила огромно наоѓалиште на литиум во областа Алтмарк во Саксонија-Анхалт, што би можело да донесе пресврт во германската автомобилска индустрија, бидејќи оваа суровина е основна компонента на батериите за електрични автомобили, но и за паметни телефони и таблети. Експлоатацијата на литиум би можела да донесе милијарди евра за германската […]
ОПЕРАЦИЈА „ХЕРКУЛЕС“, блокирани нелегални страници за инвестирање во Германија, жртвите биле барани преку „кол центри“

Германските експерти за сајбер криминал блокираа повеќе од 1.400 нелегални веб-страници што се користат за масовни измами за тргување, а лековерните клиенти се намамени да инвестираат големи суми со надеж дека ќе најдат профитабилна инвестициска можност. Лажни веб-страници за тргување биле користени за да се доведат во заблуда клиентите, соопштија германските власти. Операцијата била насочена […]
ГРАЃАНИТЕ ПОПЛАДНЕ ПОМАСОВНО ГЛАСААТ, излезноста до 40 отсто

Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,61 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето се одвива без проблеми и засега не се пристигнати никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности. Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, пристгнати се податоци од 3 221 избирачко место. Вкупниот број запишани избирачи од кои […]
ПАКУВАЊЕ ЦИГАРИ ЌЕ ЧИНИ КАКО ЗЛАТОTO! – Грците против предлогот на ЕК за зголемување на данокот за цигарите за над 100 отсто

Европската комисија предлага зголемување на данокот за тутунот за „мотање“ цигари за 258 отсто, данок од 139 отсто на цигарите и повисока даночна стапка на електронските цигари, кои во моментов се оданочуваат многу пониско. Грција предлага да се најде заедничко решение за новата идеја на Европската комисија за големо зголемување на данокот на цигарите, тутунските […]