С. Македонија доби околу 2,5 милиони евра од Планот за раст за постигнати резултати во намалување на неформалната економија

Министерството за економија денеска соопшти дека Европската комисија, во најновиот извештај за имплементацијата на Планот за раст, потврдила дека Северна Македонија упешно ја спровела реформската мерка 4.1.1 – „Справување со неформалната економија во поддршка на Стратегијата за формализација на неформалната економија“. Целта на мерката е унапредување на формалната економија преку интензивирање на инспекцискиот надзор и […]

Мицкоски: „Бурсток“ ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, попладневно информира дека потпишал Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија. – Денеска потпишавме меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток’, која што ќе инвестира во наменската […]

ЕК останува на предлогот за укинување на сезонската промена на времето

Европската комисија и натаму останува на предлогот од 2018 за укинување на сезонската промена на времето, но засега нема напредок по ова прашање, изјави денеска портпаролката на ЕК, Ана-Кајза Итконен. – Веруваме дека се уште постои можност да се најде усогласено решение за ова. Тоа е нешто за кое земјите членки мора да се согласат […]

Повисоките плати во администрацијата ја зголемија реалната плата во август

Во август 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45.310 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2025 година, изнесува 45.310 денари. Реалната плата во август годинава во однос на август 2024 година е повисока за 5,6 отсто. Во август 2025 година, во однос на август 2024 година, […]

Косово и Албанија ќе остварат највисок просечен раст во земјите од Западен Балкан, прогноза на Виенскиот институт за меѓународни економски студии

Наспроти тековните геополитички ризици, економиите на Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЕ) покажуваат релативно „робустен“ раст. Шесте земји од Западен Балкан, продолжуваат да бележат добри резултати, со просечен раст од 2,5 проценти во 2025 година и 3,4 проценти во 2026 година. Србија ќе доживее пад на растот во 2025 година на само два проценти. Ова […]

Наскоро премиера на „Утре наутро“, новиот филм на Јани Бојаџи инспириран од настаните од 27 април

Новиот филм на Јани Бојаџи, „Утре наутро“ зборува за настаните од 27 април и последиците од нив. Се работи за политичка драма во чиј фокус се две семејства, едното македонско, на поранешен висок функционер, а другото ромско кое се бори против неправдите што системот ги врши врз нивната ќерка. Иако катализатор на дејствието се постапките […]

Куманово го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври

Во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, денеска во занаетчискиот дом се одржа манифестација во чест, Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот присуствуваа средношколци. Публиката имаше можност да проследи проекција на документарен филм „Историја на ВМРО“ и да ја разгледа […]

ЖИВОТОТ ВО ХРВАТСКА СТАНУВА ПРЕСКАП, зошто развојот на туризмот во целина има и негативни страни за граѓаните

Инфлацијата ги мачи хрватските граѓани веќе петта година. Според неодамна објавените податоци, потрошувачките цени во Хрватска биле за 4,2 проценти повисоки во септември во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС), со што инфлацијата повторно се забрза на годишна основа. Со таа стапка на инфлација, Хрватска е сè уште меѓу […]

ПРЕПОЛОВЕНИ СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СРБИЈА

Нето странските директни инвестиции (СДИ) во Србија во текот на првите осум месеци од 2025 година се намалија за дури 54 проценти во споредба со истиот период минатата година, според податоците објавени од Народната банка на Србија (НБС). Нето странските директни инвестиции, достигнаа околу 1,49 милијарди евра во периодот од јануари до август. Вкупните странски […]

КРАЖБАТА ВО ЛУВР ЈА ПОКАЖУВА ФИНАНСИСКАТА РАНЛИВОСТ НА КУЛТУРАТА, безбедносниот и осигурителниот сектор ќе претрпат промени

Најголемиот уметнички музеј во светот, Лувр, привлекува околу 8 милиони посетители годишно и содржи повеќе од половина милион уметнички дела, од кои околу 30.000 се изложени. Иако се смета за симбол на културна безбедност, неодамнешната кражба покажа колку е ранлив овој систем и колку пари се инвестирани во културата. Според медиумите, во внимателно испланирана акција, […]