Први заштеди од 2.000 евра за сите бебиња родени пред 6 ноември, ЦБЦГ и банките го дуплираат подарокот под слоганот „Првиот чекор кон сигурна иднина“

Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) и комерцијалните банки им ги даваат на сите бебиња родени помеѓу 31 октомври и 6 ноември првите заштеди во износ од 2.000 евра. Оваа година, подарокот е двојно поголем од претходно, како дел од традиционалната кампања „Недела на штедење“, која 22 години ја промовира културата на штедење и финансиската […]

Сојузот на филателистите на Македонија ќе одбележи 75 години со промоција на поштенска марка

Сојузот на филателистите на Македонија денеска ќе ја одбележи 75-годишнината од своето основање со промоција на поштенска марка издадена по повод јубилејот. Промоцијата ќе се одржи во седиштето на Сојузот на филателистите во Скопје каде што пригодни обраќања ќе имаат претседателот на Сојузот, Синиша Павлески, и генералниот директор на АД Пошта на Република Северна Македонија, […]

„Гунвор Груп“ го презема меѓународниот бизнис на „Лукоил“

Рускиот нафтен гигант „Лукоил ПЈСК“, кој е под санкции на САД, соопшти дека ја прифати понудата од енергетска компанија „Гунвор Груп“ за купување на неговата меѓународна единица „Лукоил Интернешнл ГмбХ“. Според „Лукоил“, склучувањето на обврзувачки договор за трансакција со „Гунвор“ е предмет на исполнување на одредени услови, вклучувајќи го и добивањето на одобрение од американската […]

Европа ја губи трката во автомобилската индустрија

Европската автомобилска индустрија е во криза, поради зголемената глобална конкуренција, особено од Кина, и скапиот премин кон електрични возила. Од приближно 38 милиони патнички автомобили произведени во светот во 2025 година, 60 проценти ќе доаѓаат од Азија, додека ЕУ ќе учествува само со околу 16 проценти. Кинескиот автомобил не е евтин, но нуди повеќе за […]

Советот на Народната банка: Стапката на нефункционални кредити се намали на историски најниското ниво, стабилноста на банкарскиот систем расте

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, го усвои Извештајот за ризиците за банкарскиот сектор за вториот квартал од 2025 година. Во услови на забрзан раст на домашната економија и забавување на инфлацијата, банкарскиот систем ја задржа стабилноста, солвентноста се подобри, а стапката на адекватност на капиталот достигна 19,6%, што е највисокото ниво од […]

АЛКАЛОИД со извоз од 160,4 милиони евра, инвестиции од 15 милиони евра и вкупни консолидирани продажби од 246,6 милиони евра во периодот јануари – септември 2025 г.

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2025 година продажбите достигнуваат 10.180.866.920 денари, што е за 2 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 15.191.149.664 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Во […]

Царината заплени 130 килограми марихуана, без претходна дојава

Царинската управа заплени 130 килограми марихуана која на „црниот” пазар би чинела над 700 000 евра. Со ова, како што рече денеска директорот на Управата Бобан Николовски, спречен е меѓународен канал на нелегална трговија со опојна дрога. Според Николовски, се работи за квалитетна марихуана која, што е можно поскоро, ќе биде предадена во Агенцијата за […]

АВМУ: Од денеска на полноќ почнува изборен молк за вториот круг од Локалните избори 2025

Со денешниот ден завршува изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19:00 часот на 2 ноември 2025 година. За време на молкот медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смее да се емитува ниту еден од облиците […]

Шпанија со рекорден број туристи и над 105 милиони евра заработка

Шпанија забележа рекордни 76,5 милиони странски туристи во првите девет месеци од оваа година, што е зголемување од 3,5 насто во споредба со истиот период минатата година. Во истовреме, туристичката потрошувачка првпат надмина 100 милијарди евра, објави Националниот институт за статистика. Вкупниот приход од туризмот достигна 105,8 милијарди евра, што е зголемување од седум отсто […]

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и […]