Укунивањето на даночните ограничувања во Кина не ја намали цената на златото

Цената на златото се задржа стабилно ниво од околу 4.000 долари за унца по слабиот почеток во понеделникот, откако Кина ги укина долгогодишните даночни олеснувања за некои трговци, што потенцијално влијаеше врз побарувачката на еден од најголемите пазари на скапоцени метали во светот. Вредноста на златото за итна испорака порасна за 0,1%, откако падна за […]

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити, а намалување кај кредитите – позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,19 п.п., при што во септември таа изнесува 2,20%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,56 п.п. и изнесува 4,85%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2025/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2025_septemvri_mk.pdf

За кои три акции се платија нешто повеќе од 2 милиони евра? – Недела на „блок трансакции“ на Македонската берза

Неделен извештај за периодот 27.10.2025 до 31.10.2025г. Минатата недела, во периодот од 27.10.2025 – 31.10.2025 година на Македонската берза на хартии од вредност беа реализирани десет блок трансакции, за кои беа платени нешто повеќе од 2 милиони евра. Во три од нив се истргуваа 37 700 акции Гранит, за 64 милиони денари (1,04 милиони евра). […]

ЕДНОГОДИШНО ЦАРИНСКО ПРИМИРЈЕ- ШТО СОДРЖИ ТРГОВСКИОТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И КИНА?

Кинеската влада ќе ги укине ограничувањата за извоз на критични минерали, ќе го запре извозот во Северна Америка на хемикалии потребни за производство на фентанил и ќе го обнови протокот на полупроводници за автомобили, објавија од Белата куќа, детално опишувајќи го договорот постигнат од кинеските и американските преговарачи во Јужна Кореја во четврток, објавува Политико. […]

(ВИДЕО) ФИЛИП НИКОЛОСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЕФИКАСНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА“

„За да тргнеме напред, прво треба да ја лоцираме суштината на проблемот. Ние тоа го правиме, но кога ќе дојде моментот на решавање на проблемот, тука застануваме. Затоа ние не го решаваме проблемот, туку ги санираме последиците. Второ, треба да се создадат услови за професионални институции, со намалување на бројот на луѓе во државната администрација, […]

СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ БАРМЕН ПОЛ СФИРЛЕА ВО СКОПЈЕ – УНИКАТНО ИСКУСТВО ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ВИСКИ И ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ ОД HoReCa СЕКТОРОТ

Скопје ќе биде домаќин на вистински миксологиски спектакл! На 7 ноември, во рамки на Скопје Виски Фест 2025, во хотел Мериот, светски познатиот Пол Сфирлеа, еден од водечките Diageo тренери во Источна Европа, ќе одржи ексклузивен Singleton Multisensory Masterclass – настан што ветува незаборавно искуство за сите вистински љубители на виски. Настанот, организиран во соработка […]

ВЕЧЕР НА ТРАДИЦИЈА, ИНСПИРАЦИЈА И ИДНИНА – Шпаркасе Банка со свечена прослава по повод 200 години постоење на својата Групација

Во духот на гордото наследство и визионерскиот поглед кон иднината, Шпаркасе Банка АД Скопје ја одбележа 200-годишнината на својата матична групација, Штаермеркише Шпаркасе, со гламурозна вечер исполнета со музика, емоции и благодарност. Настанот беше симбол на две столетија стабилност, доверба и човечност – вредности кои ја прават Шпаркасе повеќе од банка. Свечената прослава, одржана во […]

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност

„Штедењето е системска неопходност и важен фактор за одржлив економски раст и за финансиска стабилност“, порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на настанот по повод Светскиот ден на штедењето, којшто се одржа во организација на Македонската банкарска асоцијација, во присуство на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, директорот на Фондот за осигурување депозити, Бехар […]

Одѕивот на локалните избори најнизок од независноста на земјата

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници за првпат не надминува 50 проценти, ниту во првиот круг, ниту во вториот круг, што ги прави овие осми локални избори со најмала излезност од независноста на земјава досега. Според податоците на ДИК, во првиот круг за градоначалници, одѕивот е 48.30% од вкупно регистрираните избирачи. Од 1.832.415 регистрирани […]

Продолжува да се намалува бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2,8 проценти во септември годинава во однос на септември минатата година, а за 3,7 проценти во периодот јануари – септември годинава споредено со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Во септември 2025 во однос на септември 2024 има намалување од 2,9 проценти на работниците во […]