Битола го слави 4-ти Ноември, денот на ослободувањето на градот

Општина Битола со збратимените градови денеска го одбележува и слави 4-ти Ноември, денот кога во 1944 година борците од 49-тата дивизија на Народноослободителната војска и Партизанските одреди во чиј состав биле борците од Седмата битолска бригада го ослободиле градот од окупаторот. Како што е познато, по капитулацијата на Бугарија, во Битола и околината останале само […]
ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР ЗА ПОЛИЦИЈАТА, СПЕЦИЈАЛЦИТЕ И ЈАВНИОТ СЕКТОР ВО СРБИЈА, најави Александар Вучиќ

Платите во јавниот сектор во Србија ќе се зголемат за 5,1 процент почнувајќи од 1 јануари 2026 година, најави српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој изјави дека кумулативното зголемување оваа година со зголемувањето од 1 јануари за образованието ќе биде 28,6 проценти, а за здравството 19,2 проценти, и најави дека државата ќе „најде сила“ дополнително да […]
ТРИ ЧАСА БЕСПЛАТА СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА, програма за заштеда на енергија во Австралија

Австралија ќе им понуди на домаќинствата, вклучително и на оние без соларни панели, најмалку три часа бесплатна сончева енергија секој ден во рамките на програмата за заштеда на енергија што треба да стане активна во 2026 година, изјави австралискиот министер за енергетика Крис Бовен. Програмата „Соларен делител“ прво ќе биде лансирана во сојузната држава Нов […]
За значењето и за придонесот на нобеловата награда за економија, предавање „Нобеловци“ на Економскиот факултет во Скопје

На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје денеска традиционално ќе се одржи одбележување на доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2025 година. Следејќи ја повеќегодишната традиција, Катедрата за Економија и оваа година го организира настанот „Нобеловци“ посветен на доделувањето на Нобеловата награда од областа на економските науки за 2025 година, […]
Најмногу дожд наврнало во Крушево

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Крушево наврнало 24 литри на метар квадратен, 18 – Тополчани, 12 – Прилеп, Битола, 10 – Берово, 8 – Скопје – Петровец, Виница, Крива Паланка, Кавадарци, 7 – Маврови Анови, 6 – Претор, Демир Капија, 5 – Пожаране, Куманово, […]
Петто јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

Овој четврток, петок и сабота, од 6 до 8 ноември во хотел Мериот ќе се одржи петтото издание на најхедонистичкиот фестивал SKOPJE WHISKEY FEST 2025, во организација на Боттега Евенти. Фестивалот ќе им понуди на посетителите дегустација на над 80 етикети виски од различни светски дестилерии, вклучувајќи американски бурбони, шкотско, ирско и јапонско виски, како […]
ОИЛКО КДА – Скопје купи нови акции од Макпетрол АД Скопје

Од компанијата преку соопштение до Македонската берза АД Скопје, известуваат дека акционерот ОИЛКО КДА – Скопје, се стекна со 256 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје и во моментов поседува вкупно 29 890 обични акции, што претставува 26,60 % од вкупниот број на акции издадени од Макпетрол АД Скопје.
Стопанска банка АД – Скопје со нов независен член на Одборот за ревизија

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, од банката известуваат дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор бр. 115/2025 од 31.10.2025 година г-ѓа Верица Костова се именува за независен член на Одборот за ревизија на Банката, со мандат од 2 години.
Членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со нови акции

Од Гранит АД информираат дека дел од членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со акции од компанијата и тоа: – Страшо Милковски – претседател на Управен одбор се стекна со 8.760 обични акции – Зоран Милковски – член на Управен одбор се стекна со 12.300 обични акции […]
Пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да бидат упатувани во странство

Аблација за коморна тахикардија прват во државава е извршена на Универзитетската клиника за кардиологија. По тој повод Клиниката денеска ја посетија министерот за здравство Азир Алиу и генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Алиу на прес-конференција во Клиниката рече дека тимот од Кардиологија покажал дека во македонското здравство има знаење, храброст и […]