По покана на американскиот секретар за енергетика, министерката Божиновска ќе учествува на енергетскиот форум во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, по официјална покана од секретарот за енергетика на Соединетите Американски Држави, Крис Рајт, ќе учествува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина, Грција. Настанот го организира Владата на САД во соработка со грчкото Министерство за енергетика, и претставува една […]

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

Ние Европејците треба да направиме многу повеќе за да ја преземеме контролата врз нашиот континент, да ги браниме нашите демократски вредности и да ја заштитиме нашата сопствена безбедност, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос при презентацијата на пакетот извештаи за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ пред Комитетот за надворешни работи на Европарламентот. – […]

Фон дер Лајен: Посветени сме на проширувањето, но мора и ќе остане процес базиран на заслуги

Европската комисија е попосветена од кога било досега за да го претвори проширувањето на ЕУ во реалност, бидејќи поголема Унија значи посилна и повлијателна Европа на глобалната сцена, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по повод објавувањето на годишниот Пакет за проширување, кои ги содржи извештаите за напредокот на земјите кандидати за […]

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите

Следната година ќе биде момент на вистината за сите земји кандидатки за членство, но особено за оние кои презентираа амбициозни планови, бидејќи високите амбиции доаѓаат со високи очекувања за реформи, кои тие треба да ги спроведат за да овозможат трајна трансформација на нивните економии и општества за целосно прилагодување кон демократските стандарди и вредности на […]

ВЛАДАТА НЕМА ПОСТИГНАТ НАПРЕДОК ВО КЛУЧНИТЕ ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ, се троши повеќе за плати и пензии, се наведува во извештајот на ЕК

Нема постигнат напредок во клучните економски реформи во работењето на Владата, а плановите за фискална консолидација и за целосната имплементација на органскиот закон за буџет првично планиран за 2025 година се одложени, се наведува во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на нашата земја. Според извештајот на Европската комисија, Македонија постигна ограничен напредок во […]