Анкета: Лажните интернет-продавници измамуваат еден од осум купувачи во Германија

Речиси еден од осум онлајн-купувачи во Германија бил измамен од лажни виртуелни продажни понуди последните две години, покажува ново истражување. Анкетата ја спроведе институтот за анкети „Форса“ во име на германските потрошувачи, пренеува ДПА. Измамничките веб-страници имитираат легитимни интернет-продавници, т.е. примаат уплата на пари – но купената стока никогаш не пристигнува. Следствено, застапниците на потрошувачите […]

Бизнис форум меѓу 60 македонски и грчки компании

Повеќе од 60 компании од Грција и Северна Македонија се собраа денеска во Стопанската комора на Северна Македонија на Бизнис форум на високо ниво наменет за продлабочување на економската соработка. Настанот, ко-организиран од Грчката амбасада во Скопје и Стопанската комора на Северна Македонија, овозможи повеќе од 200 B2B (бизнис-до-бизнис) средби, информира Стопанската комора. Форумот го […]

МЕГА ИНТЕРВЈУ | Коста Костадиновски и Билјана Станковска Арсова: Новата генерација инвеститори почнува со вложувања во акции порано од кога било

Костадиновски е лиценциран инвестициски советник и директор на Капитал ассет менаџмент, додека Станковска Арсова е одговорно лице за воспоставување и за одржување контакт со клиенти на Капитал ассет менаџмент. Глобалната економија е во зона на голем притисок од геополитиката. Инфлацијата опстојува на повисоко ниво од посакуваното, развиените економии остваруваат релативно ниски стапки на економски раст, […]

Костадиновски: Инфлацијата ги насочува инвеститорите кон берзите

И покрај геополитичките тензии и повисоката инфлација, глобалните берзи покажуваат стабилност, оценува Коста Костадиновски, лиценциран инвестициски советник и директор на „Капитал ассет менаџмент“, во интервју за Економија и бизнис. Според него, инфлацијата позитивно влијае на пазарот на акции, додека е неповолна за депозитите и обврзниците. „Со оглед на релативно високата ликвидност на економиите и повисоката […]

Во Гевгелија ќе биде откриено спомен обележје на Илија Џаџев

Во Гевгелија утре, на одбележувањето на Денот на ослободувањето и во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“, свечено ќе биде откриено спомен обележјето на Илија Џаџев, истакнат гевгелиски музичар, автор и долгогодишен професор по географија, кој оставил длабока трага во културниот и образовниот живот на градот, соопштијата од Општината. Во соопштението се наведува […]

Станковска Арсова: Генерацијата Зет го менува начинот на инвестирање

„Новата генерација инвеститори почнува со вложувања порано од кога било“, вели Билјана Станковска Арсова, одговорно лице за клиентски односи во „Капитал ассет менаџмент“, во интервју за Економија и бизнис. Според неа, просечната возраст на која започнува генерацијата Зет со инвестирање е само 19 години, а 65% од младите користат мобилни апликации и дигитални платформи. „Тие […]

„Ватсап“ со нова апликација за „Епл вач“

Платформата за комуникација „Ватсап“ (WhatsApp) објави нова надградба на својата основна апликација за „Епл вач“ (Apple Watch), овозможувајќи им на корисниците пристап до основните функции на услугата без употреба на својот телефон. „Ватсап“ за паметниот часовник „Епл вач“ поддржува и читање цели пораки, наместо само делови од нив. Корисниците, исто така, ќе може да видат […]

Грција испишува ново поглавје во енергетската историја, со американска компанија ќе се бара нафта кај Крит

Денеска пишуваме ново поглавје во енергетската историја на Грција, истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во пораката за договорот меѓу „ExxonMobil“, „Energean“ и „HELLENiQ ENERGY“, за учеството на американската компанија во концесијата на Блок 2 за истражување јаглеводороди во Јонското Море, јави дописничка на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека „американскиот енергетски гигант „ExxonMobil“ ја проширува […]

ЕК со регулатива за достапност на електрични возила за цена од 15.000 евра

Европската комисија во декември ќе објави нова регулатива за достапност на мали електрични возила, со цел да им се олесни на производителите да произведуваат и продаваат електрични возила со цена помеѓу 15.000 и 20.000 евра. Европскиот комесар за индустрија, Стефан Сежурн, го потврди ова за време на Деновите на автомобилската индустрија во Париз. Претседателката на […]

Мицкоски: Нашата цел е полноправно членство во рамки на ЕУ

Владата останува 100 проценти усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, што претставува важна придобивка за карактерот на нашите меѓусебни односи и за нивото на нашата посветеност кон европските вредности. Како Влада остануваме целосно посветени на европскиот пат и на реформите кои ја прават државата посилна, пофункционална и поправедна. Ќе ги адресираме […]