Од Зелениково до Скопје со воз за 25 минути

Од Железничката станица Зелениково до Железничката станица во Скопје ќе се стасува за 25 минути, а од таа во Драчево за 11 до 13 минути со ремонтот на пругата во должина од 25 километри, прва фаза од проектот „Градски воз“, најави денеска Синиша Ивановски, директор на ЈП Железници Инфраструктура, при увидот на ремонтните активности во […]
Новоименуваниот амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Кристоф Зомер, ги предаде акредитивните писма на претседателката Гордана Силјановска Давкова

Новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Кристоф Зомер, ги предаде акредитивните писма на претседателката Гордана Силјановска Давкова на 06.11.2025. За време на средбата тие ги потврдија добрите билатерални односи и ја изразија својата заложба да продолжат со нивно зајакнување. „Многу сум горд што сум назначен за амбасадор на Швајцарија во вашата земја […]
„Магијата е во знаењето“ продолжува во Тетово – трета панел-дискусија „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“

Продолжува караванот на панел-дискусии во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука, чија цел е да ја истакне суштинската улога на наставниците и значењето на нивната професија во општеството. По настаните во Скопје и Прилеп, третата панел-дискусија ќе се одржи во Тетово, на 9 ноември 2025 година (недела),со […]
Македонската репрезентација на 20 ноември ги дознава ривалите во баражот за СП2026

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги дознае ривалите во баражот за пласман на Светското првенство 2026 на 20 ноември, два дена по завршниот натпревар од мундијалските квалификации против Велс во Кардиф.Жрепката за европските плеј-оф натпревари ќе се одржи во седиштето на ФИФА во Цирих, со почеток во 13 часот.Македонските фудбалери сè уште имаат шанса за освојување […]
Мицкоски: Очекувам следната година нивото на инфлација да се движи меѓу 2 и 3 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања истакна дека очекува годишната ставка на инфлација оваа година да заврши меѓу три и пол и четири проценти, што, според него, е едно од најниските во Европа и во регионот. Истовремено тој изрази очекување дека следната година нивото на инфлација ќе се движи меѓу 2 и 3 […]
ВО ОКТОМВРИ СО ИНФЛАЦИЈА ОД 4,5 ОТСТО, ЦЕНИТЕ НА МАЛО СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ ЗА 2,8 ОТСТО

Индексот на трошоците на животот во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи зголемување од 4,5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,8 %. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, изнесува – 0,2 %, објави Државниот […]
Франција го поздравува потпишување на договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија

Франција го поздравува денешното потпишување на договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, кој се однесува на изградбата на прекуграничен железнички тунел. Оваа стратешка инфраструктура е дел од проектот за развој на трансевропскиот Коридор 8, кој ги поврзува Јадранското и Црното Море. Овој потпис сведочи за посветеноста на Бугарија и Северна Македонија во прилог на регионалната […]
Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид пред најголема финансиска загуба во својата историја

Шпанскиот кошаркарски гигант Реал Мадрид ќе ја регистрира својата најголема финансиска загуба во историјата, проценета на 38 милиони евра за сезоната 2025/2026, објави денеска „2PlayBook“.Според истиот извор, се очекува само платите на кошаркарите да достигнат 49 милиони евра, што е зголемување од 26 отсто во споредба со минатата година.И покрај загубите, сепак, Реал Мадрид очекува […]
Словенечките граници од денеска ќе ги чува и армијата

Припадници на словенечката војска од денеска заедно со полицијата ќе учествуваат во обезбедувањето на државната граница, откако владата вчера го активираше членот 37 од Законот за одбрана, кој тоа го овозможува, јави словенечката агенција СТА. Со оваа мерка ќе се растерети полицијата, за да може подобро да се справува со безбедносната состојба, особено во југоисточниот […]
Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

Данска планира да воведе национална минимална возраст од 15 години за пристап до одредени социјални мрежи, соопшти денеска данската Влада. Сепак, родителите ќе имаат можност да им дозволат на своите деца да се регистрираат на социјални мрежи од 13-годишна возраст, пренесе ДПА. Според Министерството за дигитализација, новиот закон има за цел подобра заштита на децата […]