Европскиот бизнис очекува штетни ефекти од американските царини во 2026 година

Европските бизниси очекуваат ефектите од американските царини и трговските тензии да бидат значително полоши во 2026 година отколку во 2025 година, кога ефектите беа ублажени од претходните нарачки, покажа анкета на BusinessEurope. Според анкетата, трговските тензии би можеле да го намалат бруто домашниот производ на Еврозоната, Европската Унија и пошироката група европски земји за околу […]
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Од Министерството посочуваат дека во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или […]
Совети за безбедно користење четбот и за заштита на личните податоци

На својата страница, американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) ги предупредува корисниците на „Чет-ГПТ“ да не споделуваат чувствителни и доверливи податоци. Истото им го препорачува и „Гугл“ (Google) на корисниците на неговиот четбот „Џемини“. Додека многу корисници на „Чет-ГПТ“ и другите четботови веќе бараат помош за сè – од совети за брак и претворање слики од нивните […]
Нови повисоки цени на горивата

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,29%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Mалопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 […]
Kонзервација и реставрација на Спомен-домот „Разловечко востание“ во Разловци

Националниот конзерваторски центар (НУ НКЦ) распиша тендер за избор на најповолен економски оператор за реализација на Основен проект за конзервација и реставрација на Спомен-домот „Разловечко востание“ во селото Разловци, Општина Делчево. Проектот, кој ќе се реализира во пет фази, опфаќа конзервација и реставрација на кровот, внатрешните и надворешните ѕидови, замена на дотраената столарија со нова […]
Министерството за дигитална трансформација е предводник на процесот на усогласување со Реформската агенда

Министерството за дигитална трансформација е предводник на процесот на усогласување со Реформската агенда, нотирано и од Европскиот извештај, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешната панел-дискусија во Стопанската комора на тема „Планот за раст за Западен Балкан и националната Реформска агенда – зошто се важни за бизнис секторот?“. Во своето обраќање, министерот Андоновски, […]
Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ

Доделена е годишната Награда на најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје за постигнати врвни резултати во 2024 година, соопштија попладнево од УКИМ. Добитници на Наградата за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2024 година, се проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, од Природно-математичкиот факултет, најдобар научник за природно-математички науки; […]
Донесена е одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

РС Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата, информираат од Министерството за финансии. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. За ваквата одлука истиот ден е […]
Швајцарски и македонски компании на заеднички форум во Стопанската комора за нови деловни можности и инвестиции

„Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ е темата на деловниот форум што ќе се одржи утре (вторник), на 11 ноември 2025 година, од 9:00 до 13:30 часот во Стопанската комора на Северна Македонија. Настанот има за цел да поттикне деловна размена, инвестиции и развој на нови партнерства меѓу швајцарските и македонските […]
ГРАДСКИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ДОЛЖАТ 300 МИЛИОНИ ЕВРА, 500 лица се отпуштени кои не доаѓале на работа

Над 300 милиони евра е, според нашите пресметки, вкупниот долг на јавните претпријатија на Скопје, а не како што очекував околу 200 милиони. Ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик и мотив во намерата да изградиме метропола со која сите ќе се гордееме за кратко време, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во […]