Инфлација во Еврозоната во октомври е 2,1 процент, рекордер е Романија

Годишната стапка на инфлација во Еврозоната изнесуваше 2,1 процент во октомври 2025 година, што е мало намалување во споредба со 2,2 проценти во септември. Една година претходно, инфлацијата изнесуваше 2,0 проценти, според ревидираните податоци од статистичката служба на ЕУ. Во Европската Унија, инфлацијата изнесуваше 2,5 проценти во октомври, во споредба со 2,6 проценти во септември, […]

ВАРДАР „ПОЛН“ СО ВОДА ПО ДВОДНЕВНИТЕ ВРНЕЖИ, пообилни дождови се очекуваат и за викендот

Утре и за време на викендот се очекуваат пообилни врнежи од дожд, односно да наврнат над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи Во Скопје утрово ќе има услови за појава на магла. Потоа, во текот на денот времето ќе […]

КАКО ЌЕ СЕ ВКЛОПИ ОБНОВЕНАТА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ВО ПРОЕКТОТ „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“!

Министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за култура и туризам, Зоран Љутков и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска престојуваат во Брисел во рамки на институционалната презентација на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Според најавите, предвидено е Муцунски, Љутков и Ѓорѓиевски попладнево да се сретнат со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, […]

ВО СКОПЈЕ БИЗНИС ФОРУМ ЗА ПЕРСПЕКТИВИТЕ ЗА СОРАБОТКА СО ТАЈВАН

Во Скопје денеска ќе се одржи бизнис форум „Идни перспективи за соработка меѓу Тајван и Северна Македонија – Заедно за успех, кон светот“ што го организираат Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија (БКСМ) и Претставништвото на Тајпеј во Италија. Целта на форумот е да се поттикне и продлабочи економската, технолошката и институционалната соработка меѓу Северна Македонија […]

Пред Самитот на Г20: Се продлабочува јазот помеѓу богатите и сиромашните

Организацијата за развој Оксфам (Oxfam) соопшти дека продолжува да расте нееднаквоста помеѓу луѓето низ целиот свет. – Милијардерите во земјите од Г20 го зголемиле своето богатство за 2,2 трилиони долари во текот на изминатата година. Таа сума би била доволна да се извлечат 3,8 милијарди луѓе од сиромаштија, се наведува во денеска објавената анализа на […]

„НИЧИЈА ЗЕМЈА“ НА МНТ ЈА ОСВОИ БУДИМПЕШТА И ПРЕДИЗВИКА ЕМОТИВНА ДИСКУСИЈА МЕЃУ АКТЕРИТЕ И ПУБЛИКАТА ВО УНГАРСКИОТ ТЕАТАР

Синоќа, на големата сцена во Националниот театар (Nemzeti Színház) во Будимпешта, Македонскиот народен театар ја одигра наградуваната претстава „Ничија земја“. Со неколкуминутен громогласен аплауз, публиката ги награди македонските актери, кои страсно и во еден здив ја одиграа претставата. Директорот на МНТ Никола Кимовски потпиша Договор за соработка со Атила Видњански, директорот на Националниот театар во […]

Славески: Новите трговски политики и продолжената светска неизвесност се јасен потсетник за важноста на силните домашни економски фундаменти

„Во услови на зголемена светска неизвесност и променлива економска средина, силните домашни економски фундаменти се клучот за зачувувањето на стабилноста и за постигнувањето одржлив раст. Последните години се одбележани со висока променливост, видлива и преку високите индекси на светската неизвесност, што значително влијае и врз процесите на носење економски одлуки“, истакнува гувернерот на Народната банка, […]

МФ СО ПОЈАСНУВАЊЕ ЗА ПРАТКИТЕ ОД ТЕМУ – Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од TЕМУ, објаснуваат од МФ

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата ТЕМУ. Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ТЕМУ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по […]

ПРЕЗЕМАЊЕ НА АТИНСКАТА БЕРЗА од европската берзанска група Euronext

Европската берзанска група Euronext ја презеде Атинската берза, откако 74,2 отсто од акционерите ја прифатиле понудата, а министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис, нагласи дека тоа „го одразува напредокот на грчката економија“, јави дописничката на МИА од Атина. – Аквизицијата на Атинската берза од Euronext претставува една од најзначајните инвестиции во […]

ВО АЛБАНИЈА ПЕНЗИИ ОД 500 ЕВРА И ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 850 ЕВРА, усвоен Буџетот за идната година со проекција од 8,8 милијарди евра

Албанскиот парламент по 16-часовна дебата, со 83 гласови „за“ оние на владејачкото мнозинство, околу 3 часот утрово го усвои Предлог-буџетот за идната година. Буџетот е проектиран на 8,8 милијарди евра, со планиран дефицит од 637 милиони евра. Во заедничките фондови, околу 100 милиони евра се планирани за зголемување на пензиите, 135 милиони евра ќе се […]