Еден фемицид на секои 10 минути во светот, извештај на ОН

Според проценките на Обединетите нации, минатата година на секои 10 минути била убиена една жена или девојка од партнер или член на семејството. Најновиот извештај за фемициди – убиства на жена или девојка поради нејзиниот пол – беше објавен вчера од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДК) и UN Women. Во извештајот […]

ЗА ГЕРМАНЦИТЕ ГРЕЕЊЕТО НА ГАС СТАНУВА (ПРЕ)СКАПО

Прегледот на моделот за буџетот на организацијата за советување на потрошувачи покажува дека за Германците централното греење од топлана ќе биде најскапо оваа година. Во семејна куќа од 130 квадратни метри, таквото греење чини околу 2.300 евра годишно. Греењето со нафта или гас е особено скапо – обете варијанти би можеле да чинат околу 2.000 […]

СРБИЈА Е ПОГОДЕНА ОД КРИЗАТА ВО ЕВРОПСКАТА АВТМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА

Проблемите на автомобилската индустрија во Европа се прелеаја и во Србија. Некои странски компании кои произведуваат делови ги затворија своите фабрики, а работниците беа отпуштени. Први на удар беа работни места како што е производството на електрични кабли за автомобили, кои се произведуваат во фабрики во Европа. „Од една страна, немате клиенти бидејќи побарувачката опаѓа. […]

„Македонска поетика и стилистика“ и на Универзитетот во Загреб

По промоциите на универзитетите во Мадрид, Париз, Задар, Бања Лука и Скопје, колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ подготвена од македонски тим истражувачи, вчера беше претставена и на Универзитетот во Загреб. Ова капитално дело веќе е во фондот на загрепските библиотеки и ќе биде дел од наставата на загрепскиот Филозофски факултет. Како што беше истакнато […]

Анкета: Повеќето Германци ја отфрлаат улогата на воено лидерство во Европа

Мнозинството луѓе во Германија се противат на тоа земјата да преземе улога на воено лидерство во Европа, според анкетата на Форса нарачана од Фондацијата Кербер. Анкетата покажа дека 61% од испитаниците одговориле со „не“ кога биле прашани дали Германија треба да преземе таква улога, додека 38% биле „за“. Отфрлањето било највисоко во источна Германија со […]

Трамп го лансира најголемиот американски проект од слетувањето на Месечината

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претстави национална иницијатива за мобилизирање на вештачката интелигенција (ВИ) за забрзување на научните откритија. Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се воспоставува „Мисија Генеза“, најновата верзија на агресивната стратегија на неговата администрација за поттикнување на развојот на вештачката интелигенција преку дерегулација, инвестиции во инфраструктура и јавно-приватни партнерства. Наредбата на […]

Гувернерот Славески на Конференцијата за климатските ризици и финансиската стабилност: Народната банка ги засилува активностите за управување со климатските промени

„Климатските промени сè поинтензивно влијаат врз економиите и финансиските системи, а ризиците поврзани со климатските промени претставуваат значаен фактор кој влијае врз ценовната и финансиската стабилност. Поради тоа, централните банки веќе ги интегрираат овие ризици во аналитичките и супервизорските рамки. Пристапот на Народната банка ги следи меѓународните практики. Планираните активности од усвоениот Среднорочен план на […]

Нова граѓанска обврзница на почетокот на декември, најавува министерката за финансии

Нова граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека во изминатиот период имало интерес од граѓаните за издавање на граѓанска обврзница и дека деталите ќе бидат познати кога ќе биде објавен проспектот. – Граѓаните во изминатиот период во континуитет го поставуваа прашањето до Министерството за финансии […]

“ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ”: Компаниите кои создаваат 75% од македонскиот извоз

Специјализираниот портал ИзвозМК ја издаде шестатa по ред специјална едиција “ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025”, единствената публикација што ги рангира најголемите и најуспешни извозни компании во Северна Македонија. Целта на изданието е да ја истакне улогата и значењето на извозните компании, да промовира успешни практики и стратегии, и да ја зголеми свесноста за значењето на извозот […]

Вработените на Триглав Осигурување учествуваа во волонтерска акција за пошумување во регионот на Демир Капија

Вработените на Триглав Осигурување во понеделникот, на 24.11.2025г. беа дел од волонтерската акција за пошумување, во опожарените предели на Гоцева шума во близина на Демир Капија. Со заеднички сили, волонтерите од Триглав Осигурување, извидниците од проектот Боренка и претставници на ЈП Национални шуми, посадија 5000 садници багрем, поддржувајќи ја обновата на локалниот екосистем. Елисавета Лукановска […]