Францускиот Сенат се спротивстави на одложувањето на пензиската реформа

Францускиот Сенат се спротивстави на планот на премиерот Себастиен Лекорну за одложување на непопуларната пензиска реформа. Синоќа, 190 сенатори поддржаа амандман со кој се отстранува одложувањето од буџетот за социјално осигурување за следната година, додека 108 гласаа против. Националното собрание го одобри одложувањето на пензиската реформа две недели претходно. Двата дома сега ќе мора да […]
ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА МАСОВЕН ПРОТЕСТ ВО БРИСЕЛ

Oколу 10.000 земјоделци од цела Европска Унија се очекуваат да пристигнат во Брисел на 18 декември, кои ќе протестираат против, како што тврдат, сè понереалниот и непријателски пристап на Европската комисија кон земјоделството. Протестот е организиран од Копа – Когека, најголемото здружение на европски земјоделци и земјоделски задруги. – Доколку Комисијата продолжи по овој пат, […]
ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СТАГНИРА ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ

Германската економија стагнираше во третиот квартал, објави во вторник Федералниот завод за статистика, потврдувајќи дека долгоочекуваното закрепнување на најголемата економија во Европа сè уште не е дојдено. Деталните податоци објавени од заводот Дестатис, се совпаѓаат со прелиминарните бројки кои покажуваат дека бруто домашниот производ (БДП) останал непроменет во периодот јули-септември, откако малку се зголемил во […]
Брегзит го намали БДП на Велика Британија многу повеќе од очекувањата пред референдумот

Брегзит ја погоди економијата на Велика Британија посилно отколку што стравуваа многу критичари, според нова студија на Националното биро за економски истражувања (NBER) во Соединетите Американски Држави. Извештајот, напишан од пет економисти, вклучувајќи еден од Банката на Англија, анализира „податоци од речиси една деценија“ за да го процени долгорочното влијание на одлуката на Велика Британија […]
Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, од една страна и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и членот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир, од друга, потпишаа договор за меѓусебна соработка којшто ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА. Од 9 декември 2025 […]
Прекршочни санкции за четири трговски друштва и ССК за учество во забранет договор

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како координатор, учествувале во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 […]
Словенија ќе ги признава возачките дозволи без практичен испит

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Северна Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во Словенија. Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат и работат во Словенија, […]
Државата се гради заедно со сите граѓани, претставена Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го претстави предлог-текстот на новата „Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030“, како петгодишен план за развој на соработката со претставниците од дијаспората, иселениците и припадниците на македонското национално малцинство. Министерот Муцунски посочи дека тоа не е само документ, туку презентација на одлучноста на државата […]
Владата продолжува со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Се додека не се заврши тендерот на ЕСМ за снабдување со електрична енергија за една година, цената која е дадена од страна на компанијата и Владата јавно нема да се објави, бидејќи одлуката е донесена на затворена седница на Владата и е класифициран податок. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски потенцираше дека како Влада водат грижа […]
Капиталните инвестиции бележат раст од 47,4 отсто

Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие бележат раст од 47,4%, изјави министерката за финасии Гордана Димитриески Кочоска. Таа во гостување на ТВ Сител рече дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, но во исто време има и огромна реализација. – Но она што, што […]