Поставен нов софистициран скенер во ЦИ Пошти – голем чекор напред во борбата против шверц на оружје и дрога во поштенски пратки

Со капацитет за скенирање стотици поштенски пратки во минута со помош на вештачка интелигенција, скенер поставен во Царинска испостава Пошта ќе помага во детекција на огнено оружје, дрога и експлозиви. Скенерот за поштенски пратки што денеска беше презентиран на официјален настан e донација од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал во рамки на проектот […]

ТОШКОВСКИ: Размислуваме дали системот „Безбеден град“ да се применува на 1 јануари или на 1 февруари

Доколку биде потребно, примената на овој систем ќе отпочне од 1 февруари, со цел да има целосна имплементација, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарски прашања за системот „Безбеден град“. -Целта е од 1 јануари 2026 да се започне со имплементација. Размислуваме дали тоа да биде на 1 јануари или на 1 […]

ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ДОДЕЛИ 40 НОВИ СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2025/2026

Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба […]

Божиновска: Општините добиваат конкретна поддршка за да реализираат повеќе енергетски проекти – започнаа практичните обуки за сите општини во државата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја започна националната серија работилници посветени на поддршка на општините во подготовката и реализацијата на што поголем број проекти за енергетска ефикасност. Овие обуки ќе се одржуваат во повеќе градови низ државата со цел да се зајакнат локалните капацитети и да се унапреди спроведувањето на европските стандарди во […]

Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

Исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади. Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија, велат оттаму, […]

Почна со работа 5G мрежата во Србија

Од денеска корисниците на мобилни телефони во Србија имаат промена кај своите мобилни уреди – тие повеќе не се на 4G, туку на 5G мрежата.Воведувањето на 5G мрежата значи многу побрз пренос на податоци. Три оператори ја добија лиценцата за 5G мрежата во Србија: Телеком Србија, Јетел и А1, а вкупната вредност на лиценците е […]

Исплатена е седма транша за поттикнување на инвестициите во приватниот сектор

Министерството за финансии (МФ) изврши исплата од 785 милиони денари кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Станува збор за седма транша којашто се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. – Со оваа транша износот којшто државата го […]

АМСМ: Повторно блокиран сообраќајот за сите видови на возила на граничниот премин „Евзони“, за влез и излез во Грција

Од 17:50 часот повторно е блокиран сообраќајот за сите видови на возила на граничниот премин „Евзони“, за влез и излез во Р.Грција, поради протест на земјоделци, информираат од АМСМ. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. […]

Германската економија е „во слободен пад“, предупредува шефот на здружението на индустријалци

Претседателот на Здружението на германската индустрија, Петер Лајбингер, смета дека Германија е во „најдлабоката криза од основањето и обединувањето на Сојузната Република“. Индустриското производство во 2025 година веројатно ќе падне четврта година по ред, анализира DW. Актуелниот извештај на Здружението предвидува (нов) пад на индустриското производство од два проценти оваа година. Ова би значело дека […]

Светската економија ќе порасне за 3,2 проценти, нова прогноза на ОЕЦД

Светската економија се покажа изненадувачки отпорна и покрај трговските војни на американскиот претседател Доналд Трамп, објави денес Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), зголемувајќи ги своите прогнози за глобалниот и американскиот економски раст за оваа година. ОЕЦД, составена од 38 земји, сега прогнозира дека светската економија ќе порасне за 3,2 проценти оваа година, нешто […]