ИКТ индустријата учествува со 4,5 отсто во националниот БДП на Македонија- Андоновски: Имаме огромен ИКТ потенцијал

Македонија има огромен ИКТ потенцијал, одлични и квалитетни кадри кои излегуваат од универзитетите. Сега е шанса да ги искористиме во приватниот сектор, за потоа тие да и помогнат на државата во дигиталната трансформација, порача денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски по почетокот на конференција MASIT 2.0 – „Recode Reality”. Владата, како што изјави Андоновски, […]
Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Владата присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, заедно со вицепремиерот задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Армен Григорјан, в.д. постојан координатор на ООН, соопшти Министерството за здравство. -Заедно со Министерството за социјална политика, демографија […]
Преполовен бројот на сообраќајни прекршоци снимени од камерите на „Безбеден град“

Системот „Безбеден град“ во првиот тест период за 24 часа на 1 декември регистрирал 110 илјади прекршоци, додека според информациите од МВР на 2 декември регистрирани се вкупно 50.652 прекршоци, што претставува преполовување на бројот на регистрирани прекршоци. Од нив 48.861 се прекршоци за брзина, 1.366 за црвено светло и 425 за нерегистрирани возила. „Безбеден […]
Николовски: Царината успешно спречи обид за шверц на 5.200 штеки цигари – во фокус спречување нелегална трговија со тутун

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа, успешно откри и спречи обид за шверц на 104 пакети цигари со вкупно 5.200 штеки цигари. Камионот кој бил пријавен како празен на излез од државата на граничен премин Ново село, е селектиран за детален царински преглед. Прегледот е извршен од инспектори од Одделението за оперативни работи […]
Избрани новите директори на „Дрисла“ и на „Градски паркинг“

Градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски изврши кадровски промени во јавните претпријатија „Дрисла“ и „Градски паркинг“. Поранешен градоначалник на Општина Сопиште, Стевче Трпковски е назначен за нов директор на ЈП „Дрисла“, а за нов директор на ЈП „Градски паркинг“ е именуван Владимир Кроневски, потврдија за МИА од Град Скопје. Овие нови назначувања, како што велат […]
ИНТЕРВЈУ | Снежана Зивчевска-Сталперс: Технологијата е моќна но вистинските вредности лежат во човечноста

Госпоѓо Зивчевска-Сталперс, вашата животна и професионална приказна е приказна за упорност, за визија и за верба во можностите. Таа започнува во Скопје, со дипломирањето на Електротехничкиот факултет. Како дојде до тоа да заминете во Холандија? С. Зивчевска-Сталперс: Јас сум од онаа генерација која беше сведок на распаѓањето на поранешната држава Југославија. И, да бидам искрена, […]
Од Скопје до Холандија и САД: Приказната на Снежана Зивчевска-Сталперс за храброст и визија

Животната приказна на Снежана Зивчевска-Сталперс започнува во Скопје, каде што по дипломирањето на Електротехничкиот факултет ја донесува најважната одлука во тој период – да замине во Холандија. „Распадот на поранешна Југославија ги сруши сите мои амбиции поврзани со спортот и професијата. Во Македонија тогаш немаше услови за раст,“ вели таа, во интервју за печатеното издание […]
„Иднината ќе ја водат оние што ја користат вештачката интелигенција мудро“ – Зивчевска-Сталперс за иднината на бизнисот

По две децении во Европа, Снежана Зивчевска-Сталперс денес живее во САД, каде што работи како консултант за дигитална трансформација и иновации. По MBA-студиите во Атланта, вели дека разликите меѓу Европа и Америка се големи, но комплементарни. Во интервјуто во печатеното издание на Економија и бизнис таа вели: „Холандија е повеќе структуирана и аналитична, додека САД […]
Вики-камп за зголемување на содржините на македонски јазик на Википедија

Овој викенд по седми пат се организира Вики-камп со цел да се создадат нови содржини на македонски јазик на бесплатната интернет енциклопедија Википедија, информираат организаторите од Викимедија МКД – локалниот огранок на Фондацијата Викимедија. Околу 40 учесниците на кампот се собираат од 5 до 7 декември на заедничко уредување, учење, придонесување и дружење на Попова […]
ДИНАРОТ СО НАЈСЛАБАТА ВРЕДНОСТ КОН ЕВРОТО ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Динарот денес ја промени својата вредност во однос на еврото, а официјалниот среден курс е 117,4155 динари за еврото, што е најслабата вредност на динарот во однос на европската валута од почетокот на годината, објави Народната банка на Србија. Денес, динарот вреди 0,2 проценти помалку отколку пред еден месец, 0,4 проценти помалку отколку пред една […]