НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА -„Cinema Made in Italy” – ревија на современи италијански филмски хитови

Со проекција на филмот „Забранетиот град“ во режија на Габриеле Маинети, снимен оваа година, од денеска до 13 декември ќе се одржува третото издание на „Cinema Made in Italy” – филмска ревија посветена на најголемите хитови на современата италијанска кинематографија. Ревијата е организирана од Cinecittà, една од најважните европски филмски и фотографски архиви, во соработка […]

ЕДНО ЕВРО СЕ ПРОДАВА ЗА 120 ДИНАРИ, ВРЕДНОСТА НА СРПСКАТА ВАЛУТА ПОД ПРИТИСОК НА ПОГОЛЕМАТА ПОБАРУВАЧКА

Во локалните менувачници во Бујановац вчера едно евро се продаваше за 120 динари, но од менувачниците најавуваат за денеска пробивање на оваа граница поради големата побарувачка. Побарувачката за еврото беше „поттикната“ од сомнежите за судбината на Српската нафтена индустрија. Самата Народна банка на Србија потврди дека во последните две недели има зголемување на побарувачката за […]

ОВАА ЗЕМЈА ЈА ПРЕЗЕМА ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО ИЗВОЗОТ НА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ВИ

Извозот на Тајван се зголеми за 56 проценти во однос на истиот период минатата година, достигнувајќи рекордни 64,05 милијарди американски долари, поттикнат од зголемената глобална побарувачка за технологија за вештачка интелигенција (ВИ), соопшти локалното министерство за финансии. Генералната директорка на Одделот за статистика, Беатрис Цаи, ја нарече бројката неочекувано изненадување, наведувајќи го порастот на нарачките […]

Уште десет дена за аплицирање за студентски ваучери за ИТ уреди

Министерството за дигитална трансформација инфрмира дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426. -Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 […]

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90 проценти до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој ќе се намалат емисиите на стакленички гасови за 90 проценти под нивоата од 1990 година до 2040 година, вклучително и купување странски јаглеродни кредити за покривање на пет проценти од намалувањата на емисиите, соопшти денеска Европскиот парламент. Со договорот ќе се бара од европските индустрии […]

Што стои зад апликацијата на Wolt? Компанијата објави нов извештај за алгоритамска транспарентност

Кога нарачуваме ручек или намирници преку апликацијата, ретко се прашуваме кој одлучува кој ресторан или продавница ќе го видиме прво, колку време ќе трае испораката или како се одредува цената. Овие одлуки ги донесуваат алгоритми, а Wolt објаснува како тие функционираат. Секојдневно, кога сè повеќе одлуки, како што се препораки за ресторани или прикажување на […]

ДЕНЕСКА СЕ ОЧЕКУВА ОДЛУКАТА НА ФЕД ЗА КАМАТИТЕ, падна цената на златото, берзанските цени со различни трендови

На денешното тргување европските берзански индекси имаа различни трендови, а цената на златото и на пченицата се намалија, додека вниманието на инвеститорите е насочено кон Соединетите Американски Држави, каде што американската централна банка ФЕД ќе ја објави својата одлука за каматните стапки. Аналитичарите проценуваат дека веројатноста за намалување на каматните стапки во Соединетите Американски Држави […]

Од 1 јануари тест фаза на е-фактура, ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури

Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам, рече дека е избран модел со […]

По Скопје, Зелената иницијатива на ТАВ Аеродроми „Садиме денес за одржливо утре“ реализирана и во Охрид

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, денеска ја реализираше својата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ и во Охрид, каде што вработените од охридскиот аеродром предводени од Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков заеднички засадија 20 црвени сливи во центарот на градот во […]

ВО ОКТОМВРИ СЕ ОДОБРЕНИ ГРАДБИ НА 1177 СТАНОВИ, најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион

Бројот на одобренијата за градење во октомври 2025 година е зголемен за 22,9 % во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Во октомври 2025 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за […]