ВО ЦЕНТАР Е ПРОДАДЕНА КУЌА ЗА 1,1 МИЛИОНИ ЕВРА, деловен простор за 6,8 МИЛИОНИ ЕВРА

Во општина Центар е постигната највисока цена за продажба на стан во првото полугодие од годинава, од 2.857 евра, при што за 105 квадратни метри се платени 300 илјади евра. Во оваа скопска општина е и најскапо продадената куќа во тој период, за 1.150.000 евра, кои се исплатени за 373 квадратни метри станбена површина и […]

ФЕД ГИ НАМАЛИ КАМАТНИТЕ СТАПКИ

Федералните резерви на САД повторно ги намалија каматните стапки во континуиран обид да не му наштетат на пазарот на трудот, и покрај приговорите од неколку клучни претставници на Федералните резерви кои веруваат дека приоритетите треба да бидат фокусирани на намалување на трошоците за живот. Мнозинството членови на Федералните резерви гласаа за намалување на референтната каматна […]

Хај Скардус – уникатно планинско доживување со балкански шарм и европско признание

Распространета на 370 километри, преку пет планини и низ шест заштитени подрачја во Северна Македонија, Косово и Албанија, патеката Хај Скардус е еден од најатрактивните туристички белези на земјава и регионот, кој од година во година привлекува сè повеќе туристи. Оние кои ја доживеале ја опишуваат како уникатна „изложба“ на прекрасни пејзажи, богато природно и […]

ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб плус“ гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е Штефан Павлињек, директор на групацијата „Рото“, познат стопанственик и претприемач, пионер на ротомолдинг-технологијата во Централна и Југоисточна Европа и долгогодишен љубител на авијацијата. Разговорот се фокусираше на развојот на групацијата „Рото“, воведувањето напредни ротомолдинг-технологии за производство на полимерни производи […]

ФЛУ Скопје со меѓуакадемската изложба „Нишки / Threads“ гостува во Белград

Во петок, 12 декември, со почеток во 19 часот, во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Белград, на адресата Кнез Михаилова 53, ќе биде отворена изложбата „Нишки / Threads“, најновиот резултат од соработката меѓу Факултетот за ликовни уметности во Скопје и Факултетот за ликовни уметности во Белград. Изложбата ќе биде достапна за посетителите до […]

Димитриеска-Кочоска: Глобалните промени не се закана, туку можност за развој

Македонија влегува во нова фаза на економска трансформација, со јасен фокус на инвестиции, дигитализација и фискална стабилност, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето воведно обраќање на отворањето на Истамбулскиот економски Самит 2025, кој годинава се одржува на 11 и 12 декември под мотото „Нова рамнотежа и глобална соработка”, Настанот ги собра носителите на […]

Финансискиот план на МАПАС за 2026 го помина собранискиот комисиски филтер

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади денеска едногласно ги изгласа Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2026 година и согласноста за Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2026 година. Претставникот на Агенцијата […]

Стопанска банка, Министерството за култура и туризам и Природонаучниот музеј – Скопје потпишаа Меморандум за стратешко партнерство за модернизација и дигитализација на музејот

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков; генералниот извршен директор на Стопанска банка АД-Скопје, Хрисула Кутуди и директорот на Природонаучниот музеј – Скопје, Ивица Заркадов, денеска потпишаа Меморандум за тригодишно стратешко партнерство, со кој се воспоставува соработка за модернизација и дигитално обогатување на музејот. Потпишувањето на меморандумот се случува во пресрет на 100-годишниот јубилеј од […]

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ДОМАШНИТЕ ТУРИСТИ

Во периодот јануари – октомври 2025 година вкупниот број на туристи е зголемен за 5,4 отсто во однос на истиот период лани, а зголемен е и вкупниот број на ноќевања за 0,6 проценти, соопшти Државниот завод за статстика. Кај домашните туристи е забележано намалување за 2,3 отсто, а кај странските зголемување за 9,3 проценти. И […]

„Украсуваме по скопски“ за празнично разубавување на градот

Градот Скопје, по иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ја организира манифестацијата „Украсуваме по скопски“, со која жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат своите домови придонесувајќи во разубавувањето на празничниот амбиент на градот за време на Новогодишните и Божиќните празници. Заинтересираните граѓани кои сакаат да учествуваат во манифестацијата, односно да се […]