Во Скопје започнува новогодишната програма со отворање на Божиќниот маркет

Со свечено осветлување на новогодишната елка и отворање на Божиќниот маркет вечерва во 18 часот на плоштадот Македонија, официјално започнува празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември. Како што истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, целта е главниот град да се позиционира како современа европска метропола со континуирана […]

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Официјално е отворена новата шопинг дестинација на југот – Гевгелија Мол, која ги обединува шопингот, забавата и моментите за релаксација под еден покрив. Во саботата, на отворањето на кое присуствуваа стотици гости и партнери на Молот, како и љубопитни граѓани и шопингхоличари, беше збогатено со забава и изненадувања за сите генерации. Дедо Мраз ги развесели […]

Поевтинуваат горивата

Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек […]

Кум за Бадник е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар – музичарот Јаков Дренковски

Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска ги претстави кумот и здравичарот за Бадник, а централното одбележување ќе се одржи на 6 јануари на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје. Годинава бадникарската функција кум ја има генералниот директор и ко-сопственик на компанијата Енерго Систем, Зоран Кондратенко, кој […]

ТИТАН Усје продолжува со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекува раст на продажбата во 2026 година

Инвестициите во дигитализација, декарбонизација и зајакнување на производственото портфолио базирано на зелени решенија, остануваат стратешка определба на ТИТАН Усје во 2026 година. Новите зелени еко цементи со намалено учество на клинкер, ги следат најновите светски трендови во индустријата и значително придонесуваат за поголема декарбонизација, што е една од клучните определби на компанијата. Како резултат на […]

Пивара Скопје и РФМ одбележуваат 45 години партнерство

Пивара Скопје и Ракометната федерација на Македонија официјално го потпишаа договорот за спонзорство со што се одбележуваат 45 години континуирано партнерство и поддршка на македонскиот ракомет. Договорот го потпишаа генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ и претседателот на РФМ Александар Стефанов, а на настанот присуствуваа и голем дел од репрезентативците. Пивара Скопје, како една […]

Има пари во Буџетот, вели премиерот Мицкоски

Пари во буџетот има, истиот е стабилен и во одлична кондиција, додека датумот 15 декември не значеше затворање на трезорот, туку иницијатива за правните субјекти да бидат поодговорни во испраќањето на налози, за да не биде се, како што рече во 5 до 12, изјави вечерва претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. -Кога зборуваме за трезорот […]

Започна скопската „Новогодишна зимска бајка“, за украсување на градот 70.000 евра

Во присуство на многу деца со нивните родители, граѓани на Скопје и гости од целата држава вечерва на плоштад „Македонија“ свечено беше осветлена новогодишната елка и отворен Божиќниот маркет, со што официјално започна празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември. На настанот, пред палењето на светилките на елката кое […]