Во Албанија за девет месеци странските инвестиции достигнале рекордни 1,2 милијарди евра

Официјалните податоци на Централна банка на Албанија покажуваат дека во периодот јануари – септември, вкупните странски директни инвестиции достигнале над 1,2 милијарди евра, што е зголемување од 4,4 отсто во споредба со истиот период минатата година, што се оценува како историски рекорд. Доколку се погледнат податоците за периодот јули – септември, растот е уште посилен. […]

Тошковски: Намален бројот на повредени во тест периодот на „Безбеден град“

Мора да се почне со имплементацијата на проектот „Безбеден град“, ќе ги решаваме сите проблеми, кои ќе произлезат во иднина. Мора да почнеме имаме 145 жртви, истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на собраниската говорница во одговор на прашање од пратеникот Илир Хасани од Европски фронт, кој воедно како лекар-траумотолог даде поддршка за имплементација […]

Одложен изборот на најдобрите спортисти за 2025

Министерството за спорт информира дека манифестацијата „Избор на најдобрите спортисти за 2025 година“, која беше планирана да се одржи утре се одложува. Причината е доставувањето на дополнителни спортски остварувања во текот на декември. – Ве информираме дека манифестацијата Избор на најдобрите спортисти за 2025 година кој што требаше да се одржи на 18 декември 2025 […]

Кој е „бизнис лидер“ во регионот во примена на поткупот за да добијат услуга од администрацијата?

Дури 50 отсто од бизнисите во Албанија го сметаат поткупот во администрацијата како вообичаена постапка за завршување на одредена работа, што е зголемување за девет отсто во споредба со минатата година. Во најновиот извештај на Балканскиот барометар се наведува дека во 2024 година, 41 отсто од фирмите пронашле брзи решенија преку поткуп. Но, поткупот што […]

ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА СО ЧЕШКА, македонскиот систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари работна посета на чешкиот оператор на преносниот систем ČEPS, a.s., во Прага, во рамки на интензивната агенда за унапредување на институционалните капацитети и усогласување на македонскиот електроенергетски систем со европските стандарди. Целта на посетата, како што се наведува во соопштението од Министерството, […]

ИНФЛАЦИЈА ОД 2,2 ОТСТО И РАСТ ОД 2,4 ОТСТО, грчките пратеници го изгласаа буџетот за 2026 година

Со 159 гласа „за“, од кои 156 од владејачката Нова демократија и три од независни пратеници, грчкиот Парламент вечерва го изгласа буџетот за 2026 година со што и заврши петдневната расправа што започна во петокот, а гласањето, традиционално во Грција се смета како глас за доверба на актуелната Влада, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Шалтер „Безбеден град“ од утре во зградата на МТВ

Граѓаните од утре на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Тоа, информираше вечерва Министерството за внатрешни работи, […]