Унгарија склучи договор со американски „Шеврон“ за снабдување со гас

Унгарија денеска соопшти дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“. – Новиот договор, склучен меѓу „Шеврон“ и унгарската јавна електроенергетска компанија МВМ, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри ТНГ (LNG) годишно во следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-министерот […]

ВО ХРВАТСКА ИЗДАДЕНИ НАД 160 000 ДОЗВОЛИ ЗА РАБОТА ЗА СТРАНЦИ, ОД МАКЕДОНИЈА СЕ 11.384

Од почетокот на годината до 30 ноември, во Хрватска се издадени вкупно 160.176 дозволи за престој и работа, според месечните статистички прегледи на Министерството за внатрешни работи. Од нив, 76.700 дозволи се однесуваат на нови вработувања, 64.009 на продолжување на постојните дозволи, додека 19.467 дозволи се издадени за сезонска работа. Ова е наведено во официјалната […]

Германија е во најлошата економска криза, бавните реформи предизвикуваат гнев во германските компании

Германската влада е бавна во спроведувањето на реформите. Според многу експерти, ова предизвикува зголемен гнев во економијата, вели Петер Лајбингер, претседател на индустриското здружение. Расположението во компаниите е „екстремно негативно, понекогаш дури и екстремно агресивно“, изјави Лајбингер за весникот „Зидојче Цајтунг“, пренесува ДПА. Кога владата беше формирана во мај, „ситуацијата во економијата беше критична, но […]

Раде Силјан е столб на македонската култура – одбележани 75 години од раѓањето и половина век од објавувањето на првата книга

Раде Силјан е еден од носечките столбови на македонската култура. Половина век, со неговото творештво, како еден од стожерните автори, тој ги исцртува магистралните текови на македонската книжевност. Силјан е полиграф што оствари и остварува голем дел од најзначајните културни мисии за Македонија, не само како поет, книжевен критичар и антологичар, туку и како уредник, […]

„Приказната за Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука денеска ја објави листата на филмови кои влегоа во потесниот избор и ја продолжуваат трката до финалните номинации за Оскар, кои ќе бидат соопштени на 22 јануари 2026 година. Македонскиот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска не се најде меѓу 15-те документарни филмови во потесниот […]

ИНТЕРВЈУ | Тихомир Топузовски: Како Музејот на современата уметност да биде место на критички пристап?

Изложбата на Ибрахим Махама во Музејот на современата уметност претставува значаен настан во современата уметничка сцена. Која е суштинската порака што ја пренесува оваа изложба? Т. Топузовски: Самостојната изложба на Ибрахим Махама, која се отвори на 14 октомври во Музејот на современата уметност – Скопје, претставува импресивна инсталација составена од над 1 000 јутени вреќи […]

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е назначен за нов Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје. По успешно спроведените законски и регулаторни процедури, Народната банка даде одобрение за назначување на новиот ГИД, кој Банката ќе ја води во следниот период. Со оваа одлука, Халкбанк продолжува со стратегиски ориентиран и стабилен развој, под раководство на искусен професионалец кој зад […]

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово оваа година го одбележува својот значаен јубилеј – десет години работа, развој и континуиран придонес во дигиталната трансформација на регионот. Декада во која компанијата се позиционира како незаменлив партнер на локалните бизниси, носејќи ги најсовремените глобални технолошки решенија и претворајќи ги во реална вредност на локалниот пазар. Од […]

Триглав Осигурување организираше инспиративна средба со Светислав Пешиќ

Триглав Осигурување на 15-ти декември, 2025г. во кафе „Литература“ организираше настан со панел-дискусија и промоција на книгата „Моја игра, мој пут – Живот тренера није бајка“ од Светислав Пешиќ, еден од најуспешните и најценетите кошаркарски тренери на денешницата. Настанот предизвика голем интерес кај деловната и медиумската заедница, нудејќи ретка можност за директна средба и разговор […]

Новогодишен пречек во охридските ресторани од 45 до 100 евра, распродадени над 70 отсто од хотелските капацитети

Охридските хотелиери и угостители ги привршуваат подготовките за што поуспешен пречек на гостите кои ќе решат тука да ги минат новогодишните празници. Првичните информации за исполнетоста на две седмици пред празниците покажуваат умерено зголемен интерес кај туристите за пречек на Новата 2026 година на охридското крајбрежје. Хотелиерите велат дека интересот за аранжманите оваа година е […]