Новиот план за просторно планирање на државата во нацрт-верзија, ќе важи до 2040 година

Наредната година се планира да биде донесен Предлог-планот за просторно планирање на ниво на држава. Во моментот, тој е во фаза на Нацрт-план кој е предаден на доработка во Министерството за животна средина и просторно планираењ. Новиот план за просторно планирање ќе биде за период до 2040 година. Директорот на Агенцијата за планирање на просторот […]
Ивана Тасевска победник на конкурсот за студентски есеј „Блаже Конески“

Ивана Тасевска ја освои првата награда на конкурсот за најдобар студентски есеј „Блаже Конески“, што се одржа во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Нејзиниот есеј „Блаже Конески во дигиталната ера, можности и предизвици“ беше оценет како најуспешен меѓу петте пристигнати трудови. На второ место се пласираше Дарија […]
Истражување на ОБСЕ: Две третини од младите жени и девојки биле или жртва или сведок на родово базирано насилство

Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска презентираше ново истражување за онлајн и офлајн-насилство врз млади жени и девојки во јавниот живот. Според истражувањето значаен дел од младите жени се чувствуваат небезбедно на јавни места поради нивниот род, со ранливости обликувани од социоекономски фактори, образование и место на живеење. Тоа исто така укажува на ниската стапка […]
Николовски од Брисел: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија

На највисоко ниво и во присуство на еврокомесарот за проширување Марта Кос, денеска во седиштето на Европската комисија во Брисел, директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Националната царинска агенција на Република Бугарија, Георги Димов, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се овозможува електронска размена на податоци. Целта е забрзување на легалната трговија […]
Сакаме самата пазарна економија во иднина да ги стабилизира цените, изјави заменик -министерот за економија и труд, Марјан Ристески

Законот за нефер трговски практики е одличен којшто првпат го регулира односот помеѓу добавувачите и трговците во Република Македонија и тој е прв таков Закон кој се имплементира во земјите од Западен Балкан, истакна денеска од Штип заменик -министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој посочи дека од она што го имаат увидено и […]
Јаневска: За забрзување на напредокот, во 2026 рекордни вложувања во науката

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека продолжува континуираниот раст на буџетот за наука, така што во 2026 година, како што рече, „ќе имаме рекордни 773 милиони денари за наука“. Во 2025 година за наука беа наменети 680 милиони денари, а во 2024 – 380 милиони денари. – Македонија не може да продолжи […]
Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија 2025“: Милијана Релиќ прогласена за најуспешна спортистка

Синоќа, во легендарниот „Холидеј Ин“ – некогашниот „Гранд Хотел“, местото каде пред 33 години официјално е создаден Македонскиот олимписки комитет (МОК), се одржа свечената церемонија за 5. јубилејно издание на гала-манифестацијата „Златна Олимпија 2025“. На местото каде што започна македонската олимписка приказна, во присуство на над 200 високи гости – спортисти, спортски работници, спортската елита, […]
СП2026: Награден фонд од рекордни 655 милиони долари

Рекордни 655 милиони долари ќе изнесува наградниот фонд за Светското првенство 2026, што е зголемување од 50 проценти во однос на претходниот Мундијал 2022 во Катар, објави попладнево Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Секоја репрезентација што ќе се квалификува за Светското првенство ќе добие и 1,5 милиони долари за трошоци за подготовки, што значи дека ФИФА […]
Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини

Добро е кога Западниот Балкан е во оптиката на Европската Унија и тоа е охрабрувачки и за граѓаните од регионот, затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Западниот Балкан, посочи премиерот, географски припаѓа на Европа и логично […]
Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта објавена по завршувањето на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски. – Проширувањето останува клучно за нашите заеднички цели. […]