Ново поглавје за технолошките лидери во Македонија
CTO Executive Conference 2025

На 16 декември 2025 година, во Скопје се одржа првата CTO Executive Conference, организирана од Семос Едукација – стратешки настан посветен на технолошки лидери и ИТ менаџери од Македонија и регионот. Конференцијата ги обедини технологијата, стратегијата и лидерството, отворајќи суштинска дискусија за тоа како ќе изгледа технолошкиот хоризонт до 2027 година и која е новата […]

Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) потпишаа Меморандум за соработка и јакнење на институционалните капацитети

Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија – СЕKО (SECO) потпишаа Меморандум со кој се воспоставува рамка за соработка во периодот 2025 ‒ 2028 година. Меморандумот го потпишаа гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер. Соработката опфаќа обезбедување техничка помош и размена на знаење […]

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки

Во земјава еден од петмина (22%) на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција (ВИ). Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование. На ниво на ЕУ речиси една третина (32,7%) од луѓето на […]

Општина Аеродром воведува системска селекција на пластичен отпад од домаќинствата

Општина Аеродром денеска официјално почна пилот-проект за системска селекција на пластичен отпад од домаќинствата. Во првата фаза ќе бидат опфатени 50 домаќинства, а во наредните фази ќе бидат опфатени вкупно 600 домаќинства кои ќе селектираат отпад од дома. Проектот го промовираа градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески и министерот Златко Перински во населба Лисиче. Министерот […]

Одбележани 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со 14 земји

Денес во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, со свечен настан беа одбележани 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи на Република Северна Македонија со 14 земји: Соединетите Американски Држави, Република Грција, Комонвелтот на Австралија, Кралството Саудиска Арабија, Романија, Република Молдавија, Република Индија, Република Естонија, Украина, Република Казахстан, Монголија, Република Азербејџан, Република Литванија и […]

ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА ЗА 80 ГОДИНИ МНТ – ЈУБИЛЕЈОТ ПРОДОЛЖУВА СО ТЕАТАРСКИ СПЕКТАКЛ

Во годината кога Македонскиот народен театар одбележува 80 години постоење, денеска во фоајето на театарот свечено беше промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 – Приказни поголеми од времето”, капитално издание, кое низ документи, сведоштва и лични приказни го заокружува осумдеценискиот континуитет на најзначајна театарска институција во земјава. Настанот обедини бројни уметници и професионалци […]

ЕБОР продолжува да ги поддржува зелените инвестиции во Северна Македонија

– Шпаркасе банка Скопје го проширува учеството под Програмата за зелено финансирање – Green Finance Facility во земјата – Кредит од 8 милиони евра од ЕБОР за поддршка на инвестиции во МСП за обновлива енергија и енергетска ефикасност – Програмата за зелено финансирање – Green Finance Facility е програма која е заеднички финансирана од ЕБОР, […]

Бензините поевтинуваат за два денара

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто. Новата малопродажна […]

Дефинирани приоритетите на институциите на ЕУ за 2026 година

Претседавачката со Советот на ЕУ, данската премиерка Мете Фредериксен, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска на маргините на Самитот на Унијата во Брисел потпишаа Заедничка декларација со законодавните приоритети на блокот за 2026 година. Законодавните активности усогласени во Декларацијата на кои трите институции се обврзаа […]

Србија бележи најнизок мигрантски притисок од 2015 година, расте бројот на економски мигранти

Комесарката за бегалци и миграција на Србија, Наташа Станисављевиќ, соопшти дека во текот на 2025 година во центрите за прием и азил биле регистрирани само 9.500 мигранти. Таа оцени дека ова е најнискиот мигрантски притисок врз Србија од почетокот на кризата во 2015 година. Станисављевиќ истакна дека државата активно им помага на бегалците, внатрешно раселените […]