Во Битола ќе биде отворен нов почесен конзулат на Австрија

Во Битола денеска ќе биде отворен нов почесен конзулат на Австрија, а функцијата почесен конзул ќе ја врши битолчанецот Игор Божиновски. Почесниот конзулат на Австрија се наоѓа на улицата „Виенска“ во Битола каде претпладнево ќе се одржи свеченост, а на која од австриската амбасада најавија дека ќе се обратат австрискиот амбасадор Мартин Памер, македонскиот министер […]

Во која земја во ЕУ се живее најдобро, а во која најтешко?

Просечната материјална благосостојба на домаќинствата во Европската Унија значително се разликува и е највисока во Луксембург, а најниска во Латвија, објави денес Заводот за статистика на ЕУ (Евростат). Во 2024 година, нивоата на реална индивидуална потрошувачка (СПП) во земјите на ЕУ варираа помеѓу 72 и 146 проценти во споредба со просекот, кој беше поставен на […]

ЈАПОНЦИТЕ СООЧЕНИ СО ВИСОКИ ТРОШОЦИ НА ЖИВОТ, Јапонија ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од 1995 година

Централната банка на Јапонија ја зголеми својата клучна каматна стапка на највисоко ниво во последните 30 години, бидејќи се соочува со притисок од зголемувањето на трошоците за живот што го погодуваат населението. Во петокот, комитетот за монетарна политика на Банката на Јапонија (BOJ), предводен од гувернерот Казу Уеда, донесе очекувана одлука да ја зголеми референтната […]

Мицкоски на промоција на Националната стратегија СМАРТ/МК 2030

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на промоција на Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030, документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој. Стратегијата се базира на четири столба: ИКТ инфраструктура и поврзливост – развој на безбедна, достапна и одржлива дигитална инфраструктура како основа за дигитална трансформација, Дигитални компетенции […]

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени – 4

Изутринава најстудено било во Скопје-Петровец, Битола, Струмица и Берово, каде е измерена минимална температура од-4 степени Целзиусови, а најтопло во Крушево со измерени 4 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Тетово, Велес и Демир Капија изутринава се измерени-3, во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Штип, Кавадарци и Прилеп-2, во Претор и Маврови […]

Колку заработија фудбалските менаџери во 2025?

Фудбалските менаџери во глобални рамки во 2025 година заработиле рекорден износ во споредба со претходните години, соопшти ФИФА. Според податоците на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), во периодот од 1 јануари до 1 декември 2025, менаџерите вклучени во трансфери во машкиот фудбал заработиле 1,37 милијарди долари. Ова е далеку над претходниот рекорд од 889,4 милиони долари […]

Празничната кошница руши рекорди, разликите меѓу жупаниите се големи

Во Хрватска, во зависност од жупанијата, цената на празничната кошница варира и до 21 евро, при што меѓу поскапите ставки се издвојуваат бакаларот, божиќната мисирка и неизбежното печено прасе. Цената на стандардната празнична прехранбена кошница за четиричлено семејство во просек изнесува 342,25 евра. Ова го покажува истражувањето на порталот за споредба на цени Koliko.HR, спроведено […]

Прилепска светиниколска приказна

„Свети Никола“ e празник на градот Прилеп, куќна слава на половината прилепчани на кои другите им одат на гости. Пред точно 20 години, Свети Никола стана градска слава, а светецот – заштитник на градот. Прославата e од памтивека, a последните две децении е со намера да ги зајакне традициите, да го врати заедништвото меѓу луѓето. […]

АХВ: Утврдени минимални недоследности во новогодишните пакетчиња во извршени 262 контроли

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите, како што информираат од АХВ, биле спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи, при што утврдени се минимални недоследности. По […]

КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА БИЗНИС КЛУБОТ ЕВРОПА ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА

Во Стопанската комора на Северна Македонија на 18 декември 2025 годинасе одржа конститутивната седница на Бизнис клуб Европа, новоформирано советодавно тело за прашања од значење за бизнис-заедницата кои имаат директно влијание врз стратешката цел на државата – интеграција во Европската унија и напредување во процесот на пристапните преговори. Бизнис клуб Европа е формиран на иницијатива […]