ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ДЕБАТИРА ЗА ВИСИНА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА, Седница на Економско-социјалниот совет

Во Владата денеска ќе заседава Економско социјалниот совет, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. На седница се очекува да стане збор за минималната плата, пресметката на потрошувачката кошничка, почитувањето и потребата од унапредување на колективните договори во јавниот и приватниот сектор, исплатата на додатоците од плата и останатата регулатива од областа. За износот на минималната […]

Прославата на 80-годишнината на МНТ со „Сонцето, колку е блиску сонцето“

Македонскиот народен театар денеска ќе одржи конференција за медиуми по повод одбележувањето 80 години од своето постоење и најава на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“, во режија на Дејан Пројковски. Средбата со медиумите ќе се одржи со почеток во 11 часот во фоајето на Македонскиот народен театар, каде ќе […]

ХРВАТСКАТА ИНДУСТРИЈА СО СЛАТКИ РАБОТЕЛА СО ЗАГУБА

Кондиторската индустрија во Хрватска забележа загуба од 4,4 милиони евра во 2024 година, во споредба со 6,3 милиони евра нето добивка од претходната година, според анализата на работењето на претприемачите во секторот за производство на какао, чоколадо и бомбони, објавена од Финансиската агенција (Фина). Во 2024 година, во овој сектор работеле 27 компании, кои имале […]

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ПАЃААТ ВТОРА НЕДЕЛА ПО РЕД

Цените на нафтата паднаа на светските пазари минатата недела, втора недела по ред, а трговците главно се фокусираа на блокадата на испораките на нафта од Венецуела од страна на САД. Минатата недела цената на еден барел на лондонскиот пазар падна за 1,1 процент, на 60,47 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 1,4 проценти, […]

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НИЕ ИМАМЕ ДОБРИ СТРАТЕГИИ ЗА РАЗВОЈ, НО СЛАБА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА“

„Треба да се поттикне јавниот сектор да размислува долгорочно бидејќи бизнисот не сака неизвесност, туку предвидливост“, изјави Кастриот Арифи, директор за стратегија и развој во винаријата „Тиквеш“ АД и во групацијата М6 и член на УО на Стопанската комора, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Во емисијата тој […]

Финансиската стабилност е зачувана – Одржана седница на Комитетот за финансиска стабилност

Финансиската стабилност е задржана, а финансискиот систем и натаму покажува добра отпорност и способност за справување со предизвиците. Овие оцени беа дадени на седницата на Комитетот за финансиска стабилност, одржана во Народната банка, на која присуствуваа Трајко Славески, гувернер на Народната банка, Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии, Бујаре Абази, претседателка на Комисијата за хартии од […]

Недела на блок трансакции на Македонската берза – СО 4 ТРАНСАКЦИИ ИСТРГУВАНИ СКОРО 4 МИЛИОНИ ЕВРА

Неделен извештај за тргување период 15.12.2025 до 19.12.2025г Минатава неделанаМакедонската берза (15.12.2025 – 19.12.2025г) тргувањето помина во „знакот“ на блок трансакциите. Имено, се реализираше една блок трансакција во износ од 1,87 милиони евра со акциите на Македонијатурист Скопје преку која се истргуваа вкупно 11 070 акции. Во втора блок трансакција се истргуваа вкупно 2 303 […]

Кина воведува царини до 43 проценти за млечни производи од ЕУ

Кина воведува прелиминарни царини до 43 проценти за одредени млечни производи од Европската Унија, откако во антидампинг истрагата заклучи дека производите биле субвенционирани, објави денес кинеското Министерство за трговија. Мерките се однесуваат на некои свежи и преработени сирења, како и на павлака, а царинските давачки моментално се наплаќаат во форма на депозит. Кина започна истрага […]

Истокот на Туркије е убав и во зима, кои локации вреди да се посетат

Дури 60 отсто од љубителите на патувања планираат зимски одмори, а годинава бројот на резервации за зимските дестинации е зголемен за 45 проценти во однос на лани, покажува Winter Travel Index на познатата платформа Tripadvisor. Туркије нуди бројни такви туристички можности, особено регионот Источна Анадолија, познат по својата историја, културно наследство, како и познатата кулинарска […]

Анита Тополова-Мисајловска избрана за в.д. државен јавен обвинител

Анита Тополова-Мисајловска е избрана за вршител на должноста државен јавен обвинител на Република Северна Македонија. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Тополова-Мисајловска доаѓа на местото на Љупчо Коцевски, кој на 17 декември поднесе неотповиклива оставка, по што Собранието истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција. Изборот на в.д. […]