Владата ќе донира 100 нови комби возила за Македонска пошта

Македонска пошта следниот месец од Владата ќе добие 100 возила, 90 помали комбиња и 10 големи комбиња со кои ќе може да се подобрат условите за работа, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Како што информира Николоски на јавниот состанок што го одржа Агенцијата за пошти, се работи и на програма за […]
Славески: Очекувањата се дека годишната инфлација ќе биде околу четири проценти, во рамки на нашата проекција

Очекувањата на гувернерот на Народната банка Трајко Славески се дека годината ќе ја завршиме со инфлација од 4 или приближно 4 проценти како што е и проекцијата на централната банка. Во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција, Славески рече дека очекувањата за следната година се дека инфлацијата и понатаму ќе се намалува и ќе […]
Внимателноста на монетарната политика е одраз на потребата за натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата, динамичната кредитна активност и на ризиците од надворешното окружување, седница на Извршниот одбор за монетарната политика

На 23 декември 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. Денес започна со примена […]
Зголемен број на рекламации директно кај давателите на поштенски услуги

На македонскиот пазар моментно работат 29 правни лица за поштенски услуги од кои 28 со општо овластување за поштенски услуги и АД Пошта на Македонија како државна компанија со индивидуална дозвола за обезбедување универзална услуга. Од 28-те даватели на услуги 12 работат со меѓународни услуги, три се со лиценци за домашни услуги, а 12 се […]
УЈП: Во тек е рокот за поднесување на барање за паушално оданочување (ДЛД-П) за 2026 година

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека е во тек рокот за поднесување Барање за паушално оданочување (образец ДЛД-П www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/1166/89-19-DLD-P_07.05.2019.pdf) за 2026 година. Паушалното оданочување, како што велат, претставува режим на поедноставено оданочување при кој даночните обврзници немаат обврска да водат деловни книги и деловна евиденција. -Во рамки на овој режим, обврзникот […]
Уставниот суд поведе постапка за намалените плати на судиите

Уставниот суд денеска донесе одлука за поведување постапка за оценување на уставноста на измените на Законот за платите на судиите, со цел заштита на судската независност од извршната и законодавната власт. Ова го соопшти денеска претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, по одржувањето на седницата на која уставните судии расправаа по иницијативите за поведување на […]
ММФ за Албанија: Економијата зајакнува но „фискалниот мир“ ја загрозува фискалната одржливост

Меѓународниот монетарен фонд го објави извештај за Албанија, во кој се наведува дека земјата продолжува да бележи силен економски раст, но оценува дека „фискалниот мир” го поткопува напредокот во даночната администрација. Економскиот раст главно е поттикнат од туризмот и приватната потрошувачка, при што се очекува реалниот БДП да порасне за 3,5% во 2025 година и […]
Откажани резервациите во одредени дестинации во Грција поради блокадите на земјоделците

Поради блокадите на земјоделците низ цела Грција и отежнатиот сообраќај од почетокот на месецов, во некои популарни зимски дестинации во земјата, откажани се и до 50 отсто од резервациите за празничниот период, пишуваат грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот „Та неа“ објави дека според хотелиерите од повеќе региони во централна Грција каде […]