Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити

Народната банка овозможи нова веб-апликација „Споредба на податоците од банките и штедилниците за кредити и депозити за физички лица”, современа дигитална алатка наменета за сите граѓани кои сакаат лесно да ги споредат понудите на банките и штедилниците во земјава врз основа на транспарентни информации. Апликацијата овозможува брз и прегледен увид во каматните стапки и другите […]
ИЗВОЗОТ, ОБРАЗОВАНИЕТО И РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА ПРИОРИТЕТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА КОМОРАТА

Во најновата епизода од втората сезона на поткастот „Бизнис-клуб“, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со петте експерти во Комората, кои преку својата стручност, професионалниот интегритет и транспарентниот пристап во работењето даваат значаен придонес за унапредување на бизнис-климата и за креирање функционални решенија за компаниите: м-р Анета Димовска, менаџер за извршување […]
Божиновска: АД ЕСМ ги има спроведено набавките по планот, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена

Никој не беше видовит дека земјоделците во Грција ќе штрајкуваат со денови токму сега. АД ЕСМ, кое е под Влада и Министерството за енергетика нема надлежности врз него, си ги има спроведено набавките по планот на набавки, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена, рече министерката Сања Божиновска во одговор на пратеничко прашање […]
ТИТАН Усје: Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити

Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за квалитетот на воздухот во градот, но нашата компанија не е причина за тоа. Напротив, ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во производството на цемент. Технологијата која се применува во ТИТАН Усје соодветствува со најдобрите компании од оваа индустрија во Европската Унија, се наведува во соопштението на компанијата. […]
Матичните лекари ќе бидат казнети доколку ги надминат квотите за препишување антибиотици и анксиолитици, изјави Клековски

Минатата година го зголемивме нашето вреднување на матичните лекари, сега очекуваме зголемена одговорност од нивна страна. Тоа значи придржување до казнената политика доколку се надминат квотите за пропишување антибиотици и анксиолитици. Имаме само за тие две групи ограничување за препишување, изјави генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Втората мерка која ја планираме, […]
Николоски: Не може да се очекува дека било која мерка би донела до пониска цена на квадрат на становите

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги предупредува граѓаните да внимаваат при купување на станови односно да купуваат станови кои се веќе изградени, со имотен лист и имаат употребна дозвола, за да не се доведат во ситуација да останат и без стан и без средства доколку инвеститорите немаат пари да го реализираат односно завршат […]
Тошковски: Со „Безбеден град“ за 20 отсто е намален бројот на повредени од сообраќајки

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на седницата за пратенички прашања истакна дека досегашните резултати од проектот „Безбеден град“ се многу позитивни и оти за 20 проценти е намален бројот повредени од сообраќајќи. – Резултатите коишто досега се увидени и тоа како се позитивни. Јас би сакал од оваа говорница да упатам огромна благодарност […]
Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од ВИ

Апелацискиот суд во белгискиот град Антверпен му изрече парична казна од 25.000 евра на еден адвокат поради „злоупотреба на постапката со неправилна употреба на вештачката интелигенција“. Во образложението на пресудата се наведува дека адвокатот е казнет затоа што до Судот поднесувал приговори генерирани од вештачка интелигенција, кои биле „апсолутно бесмислени“. – Тие беа некохерентни, целосно […]