„ЗЛАТНА ГОДИНА“ ЗА ТРГОВЦИТЕ СО ЗЛАТО

Фјучерс договорите за злато што се тргуваат во Њујорк се зголемија за речиси 71% оваа година, а ова води кон нивниот најдобар годишен раст во последните 46 години. Златото се смета за сигурна инвестиција, а инвеститорите очекуваат жолтиот метал да ја задржи својата вредност, доколку инфлацијата се зголеми или ако вредноста на валутите падне. „Неизвесноста […]

НИ ТРЕБА ДЕБАТА ЗА БДП, ИЗВОЗОТ, ГРАДЕЖНИШТВОТО, МЕТАЛУРГИЈАТА … Комората алармира дека една мала земја како нашата, за да опстане, мора да има раст на БДП-то поголем од 5%

Во континуитет Комората алармира дека една мала земја како нашата, за да опстане, мора да има раст на БДП-то поголем од 5% и да го зголемува постојано извозот. Денеска можеме да констатираме дека раст на БДП од над 5% сме имале само во 2008 година, а денес извозот изнесува 7,64 милијарди евра. Фактите со години […]

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од 2025 година

На редовната седница на Советот на Народната банка е усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од 2025 година. Во Извештајот се оценува дека и во третиот квартал од 2025 година, банкарскиот сектор работи стабилно и сигурно, со висока солвентност, подобрена ликвидност и со подобар квалитет на кредитното портфолио. Стапката на адекватност […]

Куманово останува чевларски град – чествувањето на Свети Спиридон, децениска традиција на чевларите

Чевларите од Куманово, го прославија Свети Спиридон, заштитник на занаетчиите. Манифестацијата ја организираше Здружението на чевлари кои со децении ја практикуваат оваа традиција. Со желби за добро здравје и напредок се собраа во црквата „Свети Ѓорѓи“ каде со години го одбележуваат празникот. Годинава за кум беше избран Александар Масевски кој заедно со стариот кум, Фросина […]

Компанијата dm ја зајакнува поддршката на заедницата: донации и иницијативи од речиси 7,9 милиони денари во деловната 2024/25 година

Компанијата dm дрогерие маркт продолжува да ја развива својата стратегија за поддршка на заедницата, темелена на долгорочна посветеност, редовни донации и општествено одговорни проекти ширум земјата. Во текот на деловната 2024/25 година*, преку различни проекти и активности, dm обезбеди донации во вкупна сума од речиси 7,9 милиони денари. „Активностите што ги спроведовме во текот на […]

Контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници во општина Кисела Вода

Жителите на Општина Кисела Вода добија можност правилно да го одлагаат текстилниот отпад, откако беа поставени специјални контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници. Со оваа иницијатива, Кисела Вода воспоставува функционален и одржлив систем за селектирање и рециклирање на текстилен отпад, во соработка со лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје. На овој начин се […]

Три странски компании потврдија и донесена е одлука за инвестирање во нашата земја, а со десет се преговара, најави Мицкоски

Со три странски компании кои пројавиле интерес за инвестиции и отварање на фабрики во земјата завршени се преговорите, а станува збор за капацитети во автомобилската, потоа индустријата на високи технологии и фармацевтска индустрија, потврди денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. – Веќе три се завршени со преговори и потврдени. Донесена е одлука, во вредност од […]

УЈП: Обврската за пријавување и оданочување на доход остварен од странство не претставува нова законска мерка

Управата за јавни приходи (УЈП) постапувајќи согласно Уставот, законите и меѓународните договори што ја обврзуваат Република Северна Македонија, има обврска да обезбеди еднаква примена на законските правила за сите граѓани. Согласно Законот за данок на личен доход, обврската за пријавување и оданочување на доход остварен од странство не претставува нова законска мерка, ниту одлука донесена […]

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет по основ на даноци и придонеси се собрани 3,97 милијарди евра што е повеќе за 268 милиони евра во однос на истиот период лани, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова. Како што информира Петрова, има пораст на приходите од даноци за 6,5 […]

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители. Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта. – Нашата цел останува […]