Поради дефект без вода дел од улиците „Товарник“ и „Среќко Пужалка“

Поради дефект на приклучна цевка на ул. „Товарник“ бр 15а со прекинато водоснабдување ќе бидат од корисниците од оваа и од дел од улицата „Сречко Пужалка“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

Премиера на „Сонцето, колку е блиску сонцето“ по повод 80 години МНТ

Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе го изведе сценско-музичкиот проект „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ по повод 80 години постоење. Претставата е аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност – емотивна приказна посветена на големите актери, режисери, драматурзи и на сите професионалци зад кулисите задолжени за создавањето на […]

Нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП)

Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на третиот квартал од 2025 година: На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален […]

Триглав Осигурување ја менува локацијата на своето седиште во Скопје

Триглав Осигурување АД, Скопје со задоволство објавува дека од денес, 29 декември, 2025 година продолжува со работа во нови, современи простории, на бул. 3-та Македонска Бригада бр. 36, комплекс Порта Супериум. Овој чекор произлегува од долгорочната стратегија на компанијата за стабилно и одржливо работење,унапредување на деловните процеси и обезбедување на современи, достапни и ефикасни услуги, […]

КОМОРАТА КАКО ПОДДРШКА НА БИЗНИСОТ: УСЛУГИ, ПРИОРИТЕТИ И СТРАТЕШКИ НАСОКИ

Во новата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со петте експерти во Комората, кои со својата работа оставаат силен и препознатлив печат во коморското работење: м-р Анета Димовска, м-р Наташа Јаневска, д-р Татјана Штерјова-Душковска, м-р Игор Тасевски и м-р Михајло Донев. Во фокусот на разговорот со претседателот […]

Јаневска: Во образованието почнува да се реализира она што требало многу порано, се движиме добро

Во образованието ќе продолжат инвестициите во 2026 кога се планираат 166 во инфраструктурата, ќе има поголем буџет за наука, во март покачување на платите на наставниците во основно и средно меѓу 7,5 и 10 проценти, значајни промени во средното стручно образование, нов концепт на државна матура со два типа – стручна и гимназиска, нови закони […]

Мицкоски за минималната плата: Секој договор што ќе го постигнат работодавачите и работниците како Влада ќе го поддржиме

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања го повтори ставот на Владата во однос на зголемувањето на минималната плата. -Нашиот став во однос на минималната плата сме го кажале, ќе го повторам, нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата, бидејќи ќе имаме поголеми приходи во буџетот. Ние сме работодавач на 100 000 […]

Алиу: До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража

Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања за паркингот на Клиничкиот центар, рече дека некаде до мај „ќе имаме паркинг што ќе биде потполно нов со ‘смарт’ – инфраструктура и катна гаража“. Тој појасни дека имало административен проблем во врска со инфраструктурата на паркингот на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. […]

Горивата поскапуваат за половина денар

Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинствата поскапуваат за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 98, 72,50 денари, на дизел горивото […]

ФИФА: Пристигнаа 150 милиони барања за влезници за СП2026

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави денеска дека за две недели се пристигнати 150 милиони барања за купување влезници за Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.„Имаме шест до седум милиони билети во продажба, а за само 15 денови добивме 150 милиони барања за купување билети. Тоа се […]