Натамошен динамичен раст на дигиталните плаќања

Обемот и вредноста на платежните трансакции растат и во текот на третиот квартал од 2025 година. Дигиталните начини на плаќања и понатаму бележат особено брз раст, со што се потврдува сѐ поголемата дигитализација и модернизација на плаќањата. Во однос на плаќањата со кредитни трансфери, во споредба со истиот период од минатата година, нивниот број е […]

Мицкоски: Образованието ќе биде еден од врвните приоритети, треба да се зголеми бројот на научни трудови

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека образованието ќе биде еден од врвните приоритет за оваа година, и оти ако сакаме да бидеме во првите илјада на Шангајската листа на универзитети треба да се зголеми бројот на научно-истражувачки трудови. -Без квалитетно образование и без квалитетна наука не можеме да јакнеме ниту како нација ниту како држава. […]

ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Живко Мукаетов: Очекувања за 2026 година

Нашите активности се максимално насочени кон развивањето на генерички лекови со додадена вредност (value added medicines) На крајот сме на една исклучително тешка година − 2025 година беше исполнета со бројни предизвици од глобален, од регионален и од локален карактер. И покрај комплексната економска околина, очекуваме годинава да ја завршиме успешно, со целосна реализација на […]

Состанок со „АКСА“ на 12 јануари и камен-темелник на есен за инвестицијата од една милијарда евра во гасификација, најавува Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 12 јануари да има состанок на кој дефинитивно ќе бидат констатирани приоритетите со сопственикот и менаџментот на компанијата „АКСА“ за најавената инвестиција од една милијарда евра во гасификација и конечно, ако се оди според планот на есен, да почнеме со камен-темелник во 2026 година. За најавената гасификација и инвестицијата на […]

Четириесет проценти од новороденчињата во Виена не се австриски државјани

Бројот на деца родени во Австрија кои немаат австриско државјанство бележи постојан раст, а најновите податоци за 2024 година покажуваат дека тие сочинуваат 40 проценти од вкупниот број новороденчиња, јави австрискиот јавен сервис ОРФ, повикувајќи се на државната Статистичка служба. Според статистиката, пред 20 години овој удел изнесувал околу 20 проценти, додека денес во одредени […]

ИСПЛАТЕНА НОЕМВРИСКАТА ПЛАТА, МЖ Транспорт продолжува непречено да работи

Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот и извршен персонал денеска е заокружена исплатата на ноемвриската плата и се работи на реализирање на останатите барања. – Денес остваривме средба со државниот секретар во Министерството за транспорт г-дин Стефан Волкановски во врска со […]

Во Агенцијата за катастар бројот на нерешени тековни предмети е намален за 47,4 проценти

Агенцијата за катастар на недвижности во 2025 година решила вкупно 1.040.137 предмети, што, наведуваат во соопштение, претставува јасен показател за зголемена ефикасност и континуирана посветеност во обезбедувањето квалитетна и навремена услуга. Паралелно со тоа, од Катастарот велат дека целосно се расчистени заостанатите предмети, а сите тековни барања се решаваат навремено, без застој и во законските […]

Со изградба на 14 градежни галерии ќе се стабилизира земјиштето на автопатот Кичево-Охрид

Со изградба на 14 градежни галерии ќе се стабилизира земјиштето на најкритичните делови од трасата на автопатот Кичево-Охрид, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски во интервју за ТВ Алфа. Тој нагласи дека станува збор за најтешкиот дел од автопатот, каде се работи во планински предел со хетерогено земјиште […]

Во Србија распишан тендер за изградба на нафтовод од границата со Унгарија до Нови Сад

Транснафта а.д. Панчево објави тендер за изградба на нафтовод од границата со Унгарија до Нови Сад, објавија денеска српски медиуми. Јавните набавки се однесуваат на градежни работи и стручен надзор на работата. Во тендерската документација се потсетува дека изградбата на главниот нафтовод меѓу Унгарија и Србија е од национален интерес со цел да се обезбеди […]

Германците забрануваат греење со јаглен и дрва

Германија воведува драстични мерки и нови ригорозни правила за системите за греење на јаглен кои заминуваат во историјата. Греењето на дрва ќе биде ограничено и строго контролирано. Сопствениците на куќи и станови кои не ги почитуваат правилата можат да очекуваат високи казни, а одредени печки ќе можат да се користат само во одредени денови од […]