Пилот фаза со е-фактурата: повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија

Поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија треба да овозможи системот е-фактура, што почна да се имплементира во пилот фаза. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на прес-конференција рече станува збор за важна реформа што носи повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија и е сериозен чекор во борбата против […]
Поевтинуваат бензините, дизелот и мазутот

Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари за литар. Поевтинува и мазутот за 0,848 денари, а цената на екстра лесното масло за домаќинство не се менува. Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 70 […]
Граѓаните имаат се уште време да ги приложат доказите за платен данок на доход во странство, изјави директорката на УЈП Елена Петрова

Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека на граѓаните кои платиле данок на доход во странство, а на кои сега им е дојдено даночно решение и од УЈП, имаат се уште време да ги приложат доказите до канцелариите на УЈП. Петрова тврди дека не може да се изврши двојно одданочување, а доколку […]
Еврообврзницата ќе биде во два дела по 500 милиони евра со различна рочност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска потврди дека во првиот квартал годинава ќе биде издадена нова еврообврзница која ќе биде во два дела, но со различна рочност. – Ќе биде во првиот квартал, работиме на тоа, ќе бидете информирани кога ќе ја започнеме целата постапка. Ќе остане во два дела, две еврообврзници по 500 […]
ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Марија Дуковска-Павловска: Очекувања за 2026 година

Основен проблем останува железничкиот транспорт 2026 ќе биде година на поголема регулаторна неизвесност, воведувањето на заштитните мерки од страна на Европската Унија се очекува да го зголемат притисокот врз увозот, што ќе значи ограничување на количините и воведување на дополнителни царини, додека стапувањето на сила на CBAM-директивата ќе значи воведување на дополнителни трошоци за јаглеродните […]
Двегодишното дете починало од залутан куршум, во МВР се за заострување на казнената политика во врска со нелегалната трговија и употреба на пиротехнички средства

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција најави дека се размислува за заострување на казнената политика во врска со нелегалната трговија и употреба на пиротехнички средства. Тој истакна дека и покрај засилените превентивни кампањи, проблемот останува присутен, особено во урбаните средини. -За жал и покрај тоа што се зголемени превентивните кампањи, покрај тоа […]
ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Трајко Славески: Очекувања за 2026 година

Очекувам дека инфлацијата и натаму ќе следи патека на надолно приспособување и во 2026 година ќе се сведе на 2,5 % Домашната економија досега се покажа како релативно отпорна на светските ризици и ќе закрепнува и во иднина со солидни стапки на раст. Очекувам дека овие поволни трендови ќе продолжат и во текот на 2026 […]
АСТРОНОМСКИ КВАРТАЛЕН РАСТ НА ЦЕНАТА НА СТАНОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА!

Во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на годишно ниво, а за 3,2 проценти на месечно, покажуваат денеска објавените податоци на Народната банка. Во претходниот, третиот квартал од минатата година, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1 процент во третиот квартал, по растот од 19, 5 проценти во […]
ВРВОТ НА СЕЗОНСКИОТ ГРИП ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ ДО ТРИ НЕДЕЛИ

Пикот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три недели. Секоја година во овој период имаме зголемување на бројот на пациенти со грип кои бараат здравствени услуги, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу. Во моментов, појасни тој, нема зголемен број заболени од грип за да се каже дека тој е алармантен споредено […]
Главната вечер на Струмичкиот карневал ќе се одржи на 21 февруари

Годинашново издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 18 до 25 февруари, а Главната вечер ќе се одржи на 21 февруари (сабота), информираше претседателката на Организацискиот одбор на Карневалот, Танкица Стојанова,на денешниот брифинг со новинарите. Се планира традиционално карневалските празнувања да почнат со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите, а […]