ВО ЕУ ПОЛОВИНА ОД ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ДОАЃА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Минатата година, обновливите извори на енергија учествуваа со 47,5 проценти во бруто потрошувачката на електрична енергија во Европската Унија, што е зголемување од 2,1 процент во споредба со 2023 година, објави денес Евростат. Уделот на обновливите извори е речиси тројно зголемен во споредба со 2004 година, кога изнесуваше само 15,9 проценти. Најголемиот дел од електричната […]

Глобалниот раст се забавил во последните години, подобрени прогнозите на СБ за 2026 година

Светската банка ја зголеми прогнозата за светскиот економски раст за 2026 година од претходните 2,3 на 2,6 проценти. Како што е наведено во извештајот на СБ, глобалниот економски раст во 2025 година се проценува на 2,7 проценти, поради што се очекува само мало забавување на економската активност во тековната година. Глобалната економија покажа поголема отпорност […]

НИСКАТА ОТКУПНА ЦЕНА НА МЛЕКОТО ПРЕДИВИКА БРАН ОД СТЕЧАИ НА ХРВАТСКИТЕ ФАРМИ

Бројот на домашни производители на млеко во Хрватска продолжи да се намалува, а минатата година 200 млечни производители, претежно помали земјоделци, го ставија клучот во катанецот на своите фарми. Бројот на млекопроизводителите се намали од 2.800 на околу 2.600, што е пад од околу 10 проценти. Претседателот на Здружението на хрватски холштајнски одгледувачи на говеда), […]

НОВИ ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА БАНКОМАТИТЕ ВО ИТАЛИЈА, ЗА ТУРИСТИТЕ Е ВАЖНА ВИСИНАТА НА ТРОШОКОТ ЗА ИЗВРШЕНАТА ТРАНСАКЦИЈА

Од почетокот на годинава, во Италија се применуваат нови правила за користење на банкомати, кои влијаат на начинот на подигање готовина, идентификација на корисниците и пресметка на надоместоците. Промените се дел од поширок тренд на зајакнување на безбедноста и усогласување со европските регулативи. Новите правила не значат забрана за подигање готовина, туку воведуваат построги ограничувања […]

КРИЗАТА ВО ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА ОТПУШТИ 100.000 РАБОТНИЦИ

Фабриките кои со децении беа столбот на европската автомобилска индустрија сега се соочуваат со постојани бранови отпуштања и неизвесна иднина. Најтешко се погодени добавувачите на автоделови. За само две години, овој сектор изгуби повеќе од 100.000 работни места, а негативниот тренд, според проценките, продолжува. Како што пишува „Фајненшл тајмс“, европските добавувачи најавија 50.000 отпуштања во […]

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинска управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Пронајдената криумчарена […]

„БИОМЕТРИСКАТА“ КОНТРОЛА ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ВО ЕУ ПРЕДИЗВИКА ЗНАЧИТЕЛНА НЕПРИЈАТНОСТ НА ПАТНИЦИТЕ, тврдат од европските аеродроми

Новиот систем на ЕУ за влез и излез (ЕЕС) чија етапна имплементација на надворешните граници на Шенген зоната започна лани во октомври „предизвика значителна непријатност кај патниците“ на кои треба да им бидат земени биометриски податоци, предупреди Европскиот огранок на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ Европа). Согласно ЕЕС системот, државјаните на земји кои не се […]

Муцунски: Имаме концепт во четири точки за стимулирање на извозот и во ИКТ индустријата

Подобри економски резултати на државата со поголем извоз на стоки и услуги и привлекување нови инвеститори, очекува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од соработката што ја најавува со мобилизација на дипломатско-конзуларни претставништва со стопанските комори. Муцунски денеска ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ пред чие раководство […]

ДРАГАН БОКАН ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „КВАЛИТЕТОТ, БРЗИНАТА НА ИСПОРАКАТА И ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ СЕ ТЕМЕЛ НА НАШИОТ РАСТ“

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб плус“ гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е Драган Бокан, претседател на Одборот на директори на „Воли трејд“, еден од највлијателните бизнис-лидер во Црна Гора. Со повеќе од 30 години искуство во бизнисот, Бокан споделува вредни информации за развојот на семејниот бизнис, како и за стратегиите за […]

ВЕРНИЦИ ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИЈАВУВААТ ЗА ПОЛОЖУВАЊЕ НА СВЕТИОТ КРСТ ВО ВОДИТЕ НА РАДИКА

За само два дена над 100 верници се пријавени за положувањето на Светиот крст во водите на реката Радика што го организира Бигорскиот манастир. Во објавата на манастирот се вели дека по повод големиот христијански празник Богојавление, со благослов на Неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст и годинава ќе […]