ОД УТРЕ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ НА РЕЛАЦИЈА ТЕТОВО-ПОПОВА ШАПКА

Со автобуси на општинското претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“ од сабота повторно почнува превоз на релација Тетово – Попова Шапка и назад. Граѓаните ќе имаат можност да користат два термини за поаѓање од Тетово кон Попова Шапка во 08:00 и од 10:00 часот и исто толку за враќање во 14:45 и во 16:00 часот. […]
САД ЈА ПРОДАВА ПОСКАПО НАФТАТА ОД ВЕНЕЦУЕЛА, Вашингтон ја реализираше првата продажба

Вашингтон ја заврши својата прва продажба на венецуелска нафта во вредност од околу 500 милиони долари. По преземањето на продажбата од САД цената на нафтата од оваа земја е повисока. „Добиваме околу 30% повисока реализирана цена кога продаваме ист барел нафта отколку што продаваа ист барел нафта пред три недели“, рече министерот за енергетика Крис […]
СРБИЈА ЌЕ ГО БРАНИ „ПРЕХРАНБЕНИОТ“ СУВЕРЕНИТЕТ, со новата национална Стратегија за земјоделство

Општата цел на Стратегијата за земјоделство и рурален развој на Србија за периодот од 2025 до 2034 година е суверенитет на храната, обезбедување на безбедноста на храната на населението и зголемување на конкурентноста на земјоделско-прехранбениот сектор. Татјана Бранков, координаторка за развој на стратегијата, во претставувањето на нацртот на документот на седницата на Комисијата на српскиот […]
Музејот Прадо во Мадрид не треба да биде посетуван како „метро во шпиц“, директорот на оваа институција не сака „повеќе посетители“

Музејот Прадо во Мадрид нема потреба од „повеќе посетители“ откако минатата година прими рекордни 3,5 милиони посетители, изјави Мигел Фаломир, директорот на Музејот Прадо во Мадрид додавајќи дека музејот не треба да биде како „метро во шпиц“. Во 2025 година, Прадо, го посетиле 3.513.402 луѓе, што е зголемување од повеќе од 56.000 во однос на […]
Филип Морис Интернејшнл по десетти пат прогласен за најдобар работодавач во светски рамки

Компанијата Филип Морис Интернејшнл (ФМИ) по десетти пат го доби престижното глобално признание „Најдобар работодавач“ (Top Employer), со што компанијата уште еднаш потврди дека е посветена на поставување највисоки стандарди во односот кон своите вработени. Сертификатот го доделува Институтот за врвни работодавачи врз основа на независна проценка, кој ги препознава глобалните лидери во позитивните практики […]
ТАВ АЕРОДРОМИ: Меѓународниот Аеродром Скопје се стекна со “Ниво 3” – Акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, се стекна со “Ниво 3” – Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, како резултат на преземените активности во процесот на намалување на емисиите на јаглерод во рамките на работењето на аеродромите во пошироката околина. Меѓународниот Аеродром […]
Царинска управа: Спречен обид за сериозен меѓународен криминал – запленети девет пиштоли, едно лице во притвор

Вработени во Царинската управа спречија обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор. Делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, на излез од […]
МИЦКОСКИ: Во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број проценти раст

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, како и од остварениот раст во делот на инвестициските активности кај домашните капацитети. Тој денеска во изјавата дадена за медиумите во Кратово истакна дека од предвидените 250 милиони евра за таа намена досега преку […]
СЛОВЕНИЈА ВОВЕДУВА НОВ МОДЕЛ НА ВРАБОТУВАЊЕ 80/90/100

Словенија е првата земја во регионот што воведе можност работодавачите и вработените да се договорат за ангажирање на скратено работно време. Примената на таканаречениот систем 80/90/100 е од 1 јануари 2026 година и се однесува на работници постари од 58 години или оние кои имаат наполнето 35 години пензиски стаж. Сега им се дава можност […]
Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје

Околу 140 лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информира денеска за МИА отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Пријавувањето за учество на манифестацијата „Водици 2026“ беше од 3 јануари до денеска зад соборниот […]