Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје

Околу 140 лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информира денеска за МИА отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Пријавувањето за учество на манифестацијата „Водици 2026“ беше од 3 јануари до денеска зад соборниот […]

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Воведувањето на новата авиолинија Охрид – Братислава и подобрувањето на македонско-словачките економски и трговски односи беа тема на денешната средба помеѓу заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова. Како што соопшттија од Министерството за транспорт, линијата Охрид – Братислава, која се воспоставува од март оваа година преку […]

Младите во Македонија покажуваат сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300, изјави министерот Владо Мисајловски

Сè поголем е интересот кај младите за професионални војници во Армијата, а 296-те од сегашната генерација се најмногу досега, оцени министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешната посета во касарната во Велес, каде што присуствуваше на свечената заклетва на професионалните војници. Мисајловски најави дека годинава ќе бидат примени уште 300 професионални војници. – Oбуката, новата […]

Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамките на „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи информира дека во рамките на проектот „Безбеден град“ од 20 до 31 јануари 2026 година ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот. За време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на […]

АВМУ: Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутуберите да се регистрираат во Агенцијата

Од Агенцијата за аудио и аудиовузуелните медиумски услуги (АВМУ) ги информираат инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, дека со измени на законската медиумска легислатива во 2023 година подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во АВМУ. – Со измените на медиумската […]

ТИТАН Усје работи согласно законот и не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот, се наведува во соопштението од компанијата

Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата. Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон, се наведува во соопштението од компанијата, во кое се приложени и податоци од […]

СТУДОТ ГИ ИСПРАЗНИ СКЛАДИШТАТА ЗА ГАС ВО ЕУ, цените на природниот гас во јануари пораснаа за повеќе од 40 проценти

Цените на природниот гас во Европа нагло пораснаа на почетокот на годината, достигнувајќи го највисокото ниво за околу шест месеци, бидејќи студен бран го зафати континентот, а метеоролозите предупредија дека температурите би можеле повторно да паднат кон крајот на јануари. На референтната холандска берза TTF, еден мегават-час природен гас за испорака во февруари изнесуваше 36,63 […]

ХРВАТСКИТЕ ДОМАЌИНСТВА ГО ЗГОЛЕМИЈА ФИНАНСИСКИОТ ИМОТ ЗА 12 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

На крајот од третиот квартал од минатата година, вкупните финансиски средства на домаќинствата изнесуваа 118,35 милијарди евра, што е за пет проценти повеќе отколку на крајот од претходниот квартал, односно за 11,6 проценти или 12,3 милијарди евра повеќе отколку пред една година, објави Хрватската народна банка (ХНБ). Во третиот квартал од 2025 година, домаќинствата поседуваа […]

ММФ: СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОКАЖУВА ОТПОРНОСТ НАСПРОТИ ТРГОВСКИТЕ ШОКОВИ, но постојат повеќе ризици

Светската економија продолжува да покажува отпорност на трговските шокови и расте „прилично силно“, изјави во четврток директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, објавувајќи ги најновите економски прогнози. ММФ би можел да ги подобри прогнозите, како што направи Светската банка, посочи Георгиева. Оваа недела, Светската банка ја зголеми својата проценка за растот на глобалната […]

Сиљановска Давкова: Одлуката за визите од САД е заради рестриктивната политика кон имиграцијата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека нема промени во односите со САД и покрај одлуката за привремено ставање на пауза на постапките за издавање иселенички визи за 75 земји, меѓу кои е и Македонија. – Се разбира дека нема. Тоа е американска национална политика и веројатно САД не изолираа 75 земји, рече вечерва Сиљановска Давкова, […]