ЗАПЛЕНЕТИ ДЕВИЗИ, ЗЛАТО, ЦИГАРИ И БИЖУТЕРИЈА, ВЕТЕРИНАРНИ ПРЕПАРАТИ, МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОМАШНА РАКИЈА

Царински службеници и мобилни царински тимови открија неколку обиди за шверц разна стока и неколку обиди за криумчарење на поголеми суми на непријавени девизи и тоа: – 13.900 евра, 3 златни монети и 1 златна плочка од околу 90 грама се откриени од страна на мобилен царински тим кај двајца патници кои се пријавиле за […]
Стопанска банка го овозможи Apple Pay за своите клиенти – безбеден и сигурен начин на плаќање преку Apple уреди

Стопанска банка од денеска на своите клиенти им го овозможува Apple Pay за брз, едноставен и безбеден начин на плаќање со своите Visa и MasterCard платежни картички користејќи Apple уред. За користење на Apple Pay и дигитализација на VISA и MasterCard платежните картички, потребно е клиентите да ја преземат бесплатната мобилна апликација Apple Wallet, а […]
Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар

Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија. Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари. Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна […]
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра

„Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е […]
Јаневска : Нашите ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од своите врсници во Европската Унија

Јас сум многу среќна што грипот не достигна такви размери и што учениците може денеска да го почнат второто полугодие од учебната година, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Во гостување на Македонската радио-телевизија претпладнево таа рече дека кај нас е „неопходно малку повеќе да се воведе ред“ затоа што нашите ученици и […]
ИНТЕРВЈУ: Мариа Петреска: МАКЕДОНСКИОТ СОЛАРЕН ПАЗАР РАСТЕ СТАБИЛНО

Со силно присуство во повеќе од 100 земји, GoodWe продолжува да ја зајакнува својата позиција како глобален лидер за паметни енергетски решенија, комбинирајќи соларна енергија, складирање и технологии за управување со енергија. Во Југоисточна Европа, компанијата активно ја проширува својата активност, поддржува локални партнери и ја промовира употребата на одржливи енергетски системи. Разговаравме со Мариа […]
Поскапуваат горивата од 1,5 до два денара за литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто. Во согласност со одлуката на РКЕ, малопродажните цени на бензините […]
На Клиниката во Козле има 70 деца, 10-ина се на кислородна поддршка

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле во моментов се хоспитализирани 70 деца од кои 10-ина се на кислородна поддршка. Хоспитализирани се и 15 деца кај кои е потврден вирус на грип од типот А и имаат компликации, изјави за МИА директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска. Таа посочи дека на […]
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки од лажен „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци

МВР апелира граѓаните да не отвараат лажни пораки што им пристигаат на мобилните телефони, имејловите и на социјалните мрежи во кои од нив се бара да извршат уплата за сторен сообраќаен прекршок преку наведен лажен линк. СМС-известувањата за направен прекршок, велат од МВР, треба да бидат од испраќач MVR-SC, а во текстот задолжително треба да […]
ВО ВТОРО ПОЛУГОДИЕ во штипските училишта педесет ученици си заминале, но и пет се вратиле од странство

Во штипските основни и средни училишта второто полугодие почна со околу педесет ученици помалку во споредба со првото полугодие, но раководителката на Секторот за образование, ЛЕР и јавни дејности во Општина Штип, Снежана Санева денеска изјави дека во второто полугодие имаат запишано и ученици повратници, кои се вратиле во земјата од странство. Таа додаде дека […]