ПОЛСКА ПОСЕДУВА ПОГОЛЕМИ ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ ОД ЕЦБ

Народната банка на Полска значително ги зголеми своите златни резерви на околу 550 тони, чија вредност се проценува на повеќе од 63 милијарди евра. Претседателот на НБП, Адам Глапински, со години нагласува дека златото има посебно место во структурата на девизните резерви на земјата. Крајната цел на Народната банка на Полска е 700 тони злато, […]

Белата куќа се пофали со список со 365 успеси на Трамп во првата година од мандатот

Белата куќа синоќа објави список со 365 успеси на американскиот претседател Доналд Трамп кои тој ги постигна во текот на првата година од преземањето на вториот мандат, меѓу кои се истакнуваат неговите посреднички напори за решавање на војната во Украина. Во соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа се наведува дека точно пред една година […]

КАКО КИНА ПОСТИГНА „ЕКОНОМСКА РАМНОТЕЖА“ СО САД ПО ЕДНОГОДИШНАТА ТРГОВСКА ПОЛИТИКА НА ТРАМП?

Втората најголема економија во светот забележа раст од пет проценти во 2025 година, исполнувајќи ја годишната цел на владата. Податоците објавени минатата недела, исто така, покажаа рекорден трговски суфицит од речиси 1,2 трилиони долари. Аналитичарите проценуваат дека овој суфицит, поттикнат од пласманот на кинески стоки на пазари надвор од САД и покажува дека кинеските производи […]

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ХРВАТСКА НА ГРАНИЦАТА ОД 1.500 ЕВРА, разлики во растот на платите меѓу групите вработени стануваат повидливи

Просечната нето плата за ноември во Хрватска беше само две евра под границата од 1.500 евра, објави Државниот завод за статистика. За само еден месец, просекот се зголеми за 28 евра, додека на годишна основа просечната плата се зголеми за 132 евра, или околу десет проценти. Ова го продолжи силниот номинален раст на платите што […]

ВЕНЕЦУЕЛА ГИ ДОБИ ПРВИТЕ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД ПРОДАЖБАТА НА НАФТА СО ПОСРЕДСТВО НА САД

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави во вторникот дека земјата добила 300 милиони долари од продажба на нафта, што е првиот приход од најавениот договор на американскиот претседател Доналд Трамп за испорака на 50 милиони барели нафта во Каракас, по апсењето на претседателот Николас Мадуро. Четири венецуелски банки добиле известување од владата дека ќе […]

Саем за туризам во Скопје посветен на македонските рурални домаќинства

Саем за туризам во чиј фокус ќе бидат македонските рурални домаќинства и бизниси ќе се одржува на 31 јануари и 1 февруари во Скопје. Како што најавуваат организаторите, Саемот на едно место ќе ги обедини најавтентичните рурални приказни од цела Македонија, а целта е да се приближи руралниот и искуствениот туризам до пошироката јавност, но […]

ПАД НА АКЦИИТЕ НА АМЕРИКАНСКИТЕ БАНКИ

Акциите на американските банки паднаа во вторник заедно со поширокиот пад на пазарот, додека инвеститорите чекаа да видат дали администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе воведе ограничување од 10 проценти на каматните стапки на кредитните картички. Белата куќа тврди дека таквата мерка ќе ја олесни положбата на потрошувачите, додека банките предупредуваат дека горната граница на […]

Минчев: Управните одбори се сведуваат на три члена, нема веќе доживотни функции

Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции, управните одбори се сведуваат на три члена, а статусот в.д. станува исклучок строго временски и правно ограничен, рече денеска министерот за јавната администрација Горан Минчев, презентирајќи го Предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите. На јавна дебата за Предлог-законот, Минчев напомена дека со предвиденото […]

До 30 јуни 2026 година се продолжува кризната состојба на дел на територијата на државата

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја проследи на натамошна постапка во Собранието Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија. Како што се вели во образложението, кризната состојба на дел на територијата на државата се продолжува до […]

АПЕЛ ДО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ПОЛОЖБАТА НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЗАЧИ ОД УO НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ НА ЗБ6

Евиденцијата на влез и излез на професионалните возачи на граничните премини при транспорт низ земјите од ЕУ согласно системот за влез и излез (EES), драстично ќе ги зголеми трошоците за работење на копаниите, ќе ја загрози стабилноста на трговските текови меѓу Европската Унија и Западен Балкан,а ги доведува во подредена положба и професионалните возачи во […]