БАНКИТЕ ВО ЕВРОЗОНАТА ПОЗАЈМУВААТ ПОМАЛКУ ВО СТРАНСКИ ВАЛУТИ ВО УСЛОВИ НА ГЕОПОЛИТИЧКИ РИЗИК, предупреди Европскиот одбор за системски ризик

Банките од еврозоната би можеле да се соочат со тешкотии при собирање средства во странска валута на пазарот, особено во американски долари и други странски валути, доколку зголемената геополитичка неизвесност продолжи подолг период, предупреди Европскиот одбор за системски ризик (ESRB). Објавувањето на извештајот на ESRB се совпадна со ескалацијата на тензиите оваа недела во Европа […]

ПРАТЕНИЦИТЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

Собранието денеска ќе одржи продолжение на 76. седница, на чиј дневен ред е гласањето за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, последниот закон потребен за од 1 февруари да профункционира системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“. Потребната поддршка од двотретинско мнозинство за законот […]

ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА, ТЕМА НА РАБОТНАТА СРЕДБА НА АЗЕСКИ И ДИРЕКТОРОТ НИКОЛАУ ВО ТИТАН УСЈЕ

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и членови на Управниот одбор, на работна средба со Константинос Николау, главен извршен директор на ТИТАН Усје во кругот на фабриката. Предмет на разговор се прашањата врзани за екологијата и индустријата. ТИТАН Усје е компанија која повеќе години е дел од семејството на Комората, а согласно […]

Николоски: Со новите услови на ЕУ транспортниот бизнис ќе остане целосно неисплатлив

Една година алармираме за проблемот со транспортерите и со електронската евиденција во ЕУ и требаше состојбата да ескалира за да предизвика внимание. Се работи за огромен економски проблем, кој може целосно да ги колабира македонската и регионалната економија. Иако имав жестока размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал, […]

ВИШОКОТ НА МЛЕКО ОД ЕУ ГО ПОТИСНУВА ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО СРБИЈА, но цените во малопродажба не паѓаат

Додека некои домашни производители, поради вишоци на пазарот, го истураат млекото што не можат да го продадат, потрошувачите во продавниците сè уште плаќаат речиси 148 динари за литар (1,26 евра), а разликата помеѓу куповната и малопродажната цена на млекото достигнува и до 118 динари (околу 1 евро). Во последно време, српскиот пазар се соочува со […]

„БЕКУТАН“ детски крем: Успешната македонска приказна со регионална доверба и глобална визија отсега достапна и во „ЛИДЛ“, Франција

„Бекутан“, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем „Бекутан“ во пакување од 100 ml ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција. Препознатливата сина боја и мирисот што враќа во детството со децении […]

Лидерство со вредности: како М КЕШ гради доверба преку човечки пристап

Во современиот финансиски сектор, каде што довербата и одговорното работење стануваат клучни фактори за долгорочен успех, М КЕШ се издвојува како компанија што ја става човечката вредност во центарот на секоја одлука. Наместо фокус исклучиво на бројки и резултати, компанијата гради односи засновани на почит, емпатија и одговорно лидерство. Токму оваа филозофија е силно истакната […]

Собранието го изгласа Законот за прекршоците, од 1 февруари почнува „Безбеден град“

Собранието денеска со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани го изгласа предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова се отвора патот за почеток на системот за автоматско снимање и санкционирање сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. По барање на координаторката на „Европскиот фронт“, Рина Ајдари, […]

Загадувањето на Скопје е мултифакториски проблем, беше посочено од менаџменот на „Цементарница Усје“ на средбата со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески

„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката. Како што изјави денеска техничкиот дриектор Гоце Цветковски, веќе една недела компанијата целосно не работи, а загадувањето во главниот град останува горе-долу исто. Цветковски е дециден дека „Усје“ работи согласно националното и европското законодавство, како и дека максимално ги почитува правилата […]

Најмладите пациентки заболени од рак на грлото на матката се на 18 годишна возраст

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката. Најмладите пациентки се на 18 годишна возраст, дијагностицирани 2017 и 2020 година и средната возраст е некаде 55 години. Според најновата клиничка епидемиолошка статистика на Клиниката за радиотерапија и онкологија, за разлика од 2024 година кога имало само 74 пациентки, во 2025 година […]