Вештачката интелигенција, кратките формати и кризното управување ги менуваат комуникациите

Технолошкиот напредок, вештачката интелигенција и променетите навики на публиката сè повеќе го редефинираат начинот на кој се пренесуваат пораките, велат од Чептер 4 Македонија. Според Стојчевски, денес секој може да биде извор на информација, но вистинскиот предизвик е таа да биде квалитетна, структурирана и насочена кон вистинската публика. Кратките и визуелни формати стануваат доминантни, додека […]

Мицкоски: Минималната плата законски ќе се зголеми во март

Секој има право да протестира – рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар во врска со протестот што утре попладне ќе го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за покачување на минималната плата на 600 евра. Тој посочи дека минималната плата законски се зголемува во март. – Во согласност со законот, минималната плата ќе […]

ЕК најави 171 милион евра поддршка за инфраструктурата и приватните бизниси на Западниот Балкан

Европската комисија денеска најави пакет-поддршка од 171 милион евра за поттикнување на развојот на инфраструктурата и растот на приватниот сектор во земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и за подобрување на системот за пренос на електрична енергија и за изградба на енергетски ефикасни образовни објекти во земјава. Новиот пакет за поддршка, како што соопшти ЕК, […]

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија

Над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици беа попишани за време на зимското пребројување птици на трите природни езера во Македонија, што под водство на Македонското еколошко друштво (МЕД) се реализира секој јануари од 2010 година, како дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици. -Споредено со податоците од претходните пет години, […]

Албанија втора на Балканот по високото ниво на јавниот долг, извештај на Европската комисија

Според најновите квартални податоци од Европската комисија, Албанија, и покрај намалувањето во последните години, е позиционирана меѓу земјите со највисоко ниво на јавен долг во однос на бруто домашниот производ (БДП) во регионот на Западен Балкан. Во податоците за третиот квартал од 2025 година, јавниот долг на Албанија достигна 53,5% од БДП, што ја рангира […]

УЈП: Преземаме активности за непречено поднесување ДДВ-04 пријава

Управата за јавни приходи (УЈП) тековно презема активности во рамките на своите надлежности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски за поднесување ДДВ-04 пријава, информираат од УЈП по реакциите дека поради технички проблеми во функционирањето на системите на УЈП, даночните обврзници биле оневозможени да поднесат ДДВ-04 пријава за последниот даночен период. Нагласуваат […]

Шпанија ќе го легализира престојот на околу 500.000 имигранти

Левичарската Влада на Шпанија започна постапка за легализација на престојот на околу 500.000 имигранти, откако кабинетот донесе одлука за тоа, соопшти денеска владината портпаролка Елма Саиз на телевизиска прес-конференција. – Го зајакнуваме миграцискиот модел заснован на човекови права, изјави Саиз, која воедно е и министерка за социјални прашања и миграција. Шпанија со оваа одлука зазема […]

Андоновски: До крајот на годината околу 30 нови електронски услуги, плус 30 преку ЕУ

Дваесет до триесет нови електронски услуги очекува министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски до крајот на годината. Говорејќи за зголемувањето на бројот на електронски услуги, како и за дигитализацијата генерално во интервју за ТВ Алфа Андоновски вечерва истакна дека постои можност и за надминување на оваа бројка и напомена дека дел од тие услуги ќе […]

Фредериксен: Подготвени сме да направиме сè за договор со САД

Данска има намера да „направи сè“ што може за да постигне договор со САД за Гренланд, освен да се откаже од територија, изјави денеска премиерката Мете Фредериксен. На прашањето дали територијата на Гренланд може да им биде предадена на САД, Фредериксен рече дека таков потег е незамислив. „Не, никој не може да го замисли тоа“, […]