„Макпетрол“ инвестира во знаење и иднина – Отворен Бизнис центар за систематска едукација и развој на вработените

„Макпетрол“ официјално го отвори новиот Бизнис центар во рамки на својата Управна зграда, наменет за континуиран развој и обука на вработените. Центарот ќе служи како современ простор за реализација на интерни обуки, професионални тренинзи и развојни програми, со цел унапредување на знаењата и вештините на своите вработени, како и за организирање состаноци и деловни средби. […]

Конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад македонски автор е отворен до крајот на февруари

На веб-страницата на НУ Драмски театар ­ Скопје е објавен годинашниот Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година. -Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски уметници и поттикнување на пишување нови драмски текстови, НУ […]

Нивото на водата на Охридското Езеро над февруарскиот просек

Нивото на водата на Охридското Езеро денеска се наоѓа на 693,55 метри надморска височина. Тоа е за 16 сантиметри над просекот за февруари утврден на котата од 693,39 метри надморска височина. За релативно високиот водостој во езерото придонесоа продолжените интензивни и обилни врнежи од дожд и снег изминатиот период,  што ја подобрија севкупната хидролошка ситуација […]

МЕГА ИНТЕРВЈУ | Биљана Мишиќ: Иднината на финансиите ја градат конзистентни системи − еволуцијата на Иуте Македонија кон зрела финансиска платформа по европски терк

Овој разговор не е конвенционално интервју, повеќе е доближување на финансиската технологија од аспект на стратегиска еволуција на Иуте на пазарот: од производи кон екосистем, од трансакции кон рутини, од достапност кон одговорност, од експанзија кон управување со ризикот

ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ПАРКИРАТЕ ВО ЦЕНТАР, засилени контроли и 50 евра глоба за непрописно паркирање

Комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини. На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар, […]

ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ, УТРЕ ПОЧНУВА СИТИ БАЗАР – „ЕДНА ЉУБОВ, БЕЗБРОЈ ПОДАРОЦИ“

Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, на приземјето на Скопје Сити Мол ќе се одржи четиридневен „Сити базар“, под слоганот „Една љубов, безброј подароци“. Базарот им нуди на посетителите автентична и креативна алтернатива за избор на подароци, преку уникатни рачно изработени производи создадени од домашни мајстори и современи ракотворци. Секој […]

По 14ти пат, се случи 48 часовниот маратон во креирање на видео игри Global Game Jam 2026 Skopje организиран од Асоцијација на македонската индустрија за видео игри – МГИ!

И овој пат, скопскиот Глобал Гејм Џем ја зголеми бројката на учесници за дури 38 проценти! Досега рекорден број од 132 учесници на една локација, се проширивме на два спрата во Base42, се формираа 25 тимови, а тие направија неверојатни 25 игри, од кои 22 видео игри и три бордгејмови. Темата за оваа година беше […]

„САД ќе нè нападнат поради дигиталната регулатива“, изјави Макрон и порача дека Еропа треба да се подготви за понатамошни конфликти со САД

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД и оти неодамнешниот „гренландски момент“ треба да се сфати како повик за будење за спроведување на долго одложуваните економски реформи и зајакнување на глобалната моќ на Европската Унија. Во интервју објавено во неколку европски весници, Макрон рече дека […]