AllWeb, првата конференција за дигитален маркетинг во Македонија започнува со организација на серија мини настани со цел отворање на актуелните дискусиите во полето на дигиталните комуникации, маркетинг и бизнис во текот на целата година. Првиот AllWebmeetup, ќе се одржи на 18 април во Јавна Соба, Скопје. Темата е групно финансирање (crowdfunding), а гостин на настанот ќе биде ХрвојеХафнер, автор на блоготCrowdfunding.hr и еден од пионерите на балканските простори. Влезот на овој AllWebmeetup ќе биде бесплатен, а сите заинтересирани ќе мора претходно да се регистрираат на brainster.co.
Групно финансирање или crowdfunding е практика која се применува за финансирање на проекти, идеи или каузи, преку финансиски донации од поголем број луѓе, најчесто реализирана со помош на интернет алатки. Оваа тема станува се поактуелна и во Македонија затоа што е одличен начин на прибирање средства за финансирање производи, проекти или цели стартап сервиси за коисе заинтересирани поголема група на потенцијални поддржувачи.
Како што вели Дарко Булдиоски, програмски директор на AllWeb:„на настанот нашиот гостин Хрвоје ќе зборува за основите наcrowdfunding и како тој ја менува финансиската индустрија, но и кога да започнете и како да реализирате кампања за групно финансирање и каде да го најдете вистинските поддржувачи“. „ Хрвоје со себе носи 5 годишно искуство во crowdfunding кампањи во кои се собрани повеќе од милион хрватски куни (над 130 илјади евра). Очекуваме со публиката да сподели многу корисни совети и примери за регионални успешни и неуспешни кампањи“- додава Булдиоски.
Ова е првиот од серијата AllWebmeetupнастани кои AllWeb ќе ги реализира годинава. Првиот настан е организиран во соработка со brainster.co, каде што заинтересираните можат да го обезбедат своето место. Бројот на места е ограничен.
# # # # #
За повеќе информации контактирајте со: Дарко Булдиоски, на 070/ 30 70 40 или на darko@newmedia.mk.







