Американските корпоративни гиганти како „Епл“, „Џенерал електрик“ и многу други сокриле повеќе од 1 400 милијарди долари во странските даночни оази – тврди американската непрофитабилна организација „Оксфам“. Организацијата се насочува кон огромната добивка која најголемите американски компании ја држат во странство. Според најновиот Извештај на американскиот разгранок на меѓународната хуманитарна организација „Оксфам“, педесет водечки американски компании ја сокриле добивката во периодот меѓу 2008 и 2014 година. Според Извештајот, компаниите го извеле тоа преку 1 600 свои подружници во даночните оази во кои држат повеќе од 1 400 милијарди долари од својот профит. Паралелно во матичните земји ја искористиле државната поддршка на сметка на даночните обврзници со што од американските власти добиле вкупно 11 200 милијарди долари кредити, кредитни гаранции и останати облици на финансиска помош. „Џенерал електрик“ надвор од САД држи 119 милијарди, „Мајкрософт“ 108 милијарди, а „Алфабет“, матичната компанија на „Гугл”, 47 милијарди долари, се додава во извештајот на „Оксфам“.







