Пред неколку дена низ светот проструи веста дека Швајцарија ја заврши изградбата на Готхард тунелот, најдолгиот железнички тунел во светот. Еве некои факти за овој тунел:
- Должина на тунелот е 57 километри и за 3 километри е подолг од досега најдолгиот ваков тунел што е во Јапонија.
- Тунелот во Швајцарија поминува под Алпите и е тунел што е најдлабоко под површината на земјата, цели 2,5 километри под површината
- Градежните работи на тунелот траеле 17 години
- При изградбата на тунелот биле ископани 28 милиони тони камења
- Најголем дел од работниците што учествувале во изградбата на тунелот биле италијанци (29%), потоа австријци (17%), швајцарци (14%), германци (12%) и други.
- Трошокот за изградба на тунелот бил 11 милијарди евра.
- Возовите ќе можат да возат низ тунелот со максимална брзина од 248 километри на час.
- Се проценува дека дневно низ тунелот ќе поминуваат 260 товарни возови и 65 патнички возови.
- Со новиот тунел, патувањето од Цирих до Милано ќе се скрати за околу еден час.
- Иако изградбата на тунелот е завршена сега, тој ќе биде пуштен во употреба во декември годинава.
Ете како изгледаат капиталните инвестиции кога тоа го прави Швајцарија.







