ЦЕЕД Бизнис клубот е првиот и можеби единствениот ваков активен клуб во Македонија. Фокусот на нашиот Бизнис клуб е едукацијата преку размена на искуства, размена на грешки и научени лекции, запознавање нови компании и пазари, ширење на можностите за правење бизнис, запознавање нови клиенти. Целта е да се развие нова култура во претпремништвото во Р Македонија во која младите претприемачи, односно следната генерација на претприемачи континуирано инвестира во сопствениот развој како професионални менаџери и сопственици на бизниси.







